Мостот на влезот во Јасенице, градот-домаќин на четири балкански селекции плус Литванија и Латвија, на првиот ден од првенството беше „закитен“ со знамињата на Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ, Литванија и Латвија. Денес ги нема.
Како што јавува Анадолија, во пресрет на денешниот натпревар на македонските кошаркари против селекцијата на БиХ, на јaрболите поставени пред мостот, има само три знамиња. На Црна Гора, на Латвија и на Литванија. Останатите се празни.
Граѓаните кои живеат во тој регион, се зачудени од случајот бидејќи велат „не разбираат како се симнати кога знамињата биле поставени на 10 метри височина“.
.jpg)
Денес Македонија во 14:30 игра против кошаркарите на БиХ, натпревар кој мора да се победи за надежите за прогрес по фазата од групи да останат живи.
Засега, први во групата Б со 5 бода, по две победи и еден пораз се Литванија, Латвија и Србија, по што следуваат Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина со по 4 бода, односно 1 победа и два порази.




