Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа на мигрантски испит

0
By Светлана Јовановска on August 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 21, 2015 02:06

Европската комисија (ЕК) е подготвена да испрати хуманитарна помош и е добро запознаена со прогласената кризна состојба во Македонија, велат за НОВА во Брисел и додаваат дека со внимание се следат настаните на границата со Грција и чекорите на Владата.

Но, според Брисел, Македонија е таа која што треба да ги «контролира лицата кои сакаат да влезат на нејзина територија и да одбие влез за оние кои не ги исполнуваат критериумите, во согласност со меѓународните закони», вели портпарол на ЕК за НОВА.

Од ЕУ Македонија веќе добила 90.656 евра хуманитарна помош за бегалската криза.
Освен оваа итна помош, Брисел најавува програма за земјите од Балканот и Турција за мигрантската криза кој изнесува 8 милиони евра и ќе почне да се спроведува во септември 2015 година.

Koмисијата вели дека оваа помош ќе се фокусира на три области: “идентификација на мигрантите (отисоци на прсти), споделување на интрарегионални и интеррегионални информации и механизми кои ќе понудат решенија за враќање на мигрантите (во земјите од кои потекнуваат) и истовремена примена на практична заштита на специфичните потреби на мигрантите”.

Во меѓувреме, Kомисијата закажува состаноци на кои ќе се бара решение за оваа криза, најголемата од ваков вид по Втората светска војна.

Најавен е состанок на високо ниво во октомври кој најверојатно треба да се одржи во Будимпешта. На оваа средба ќе и претходи и средба на министрите за надворешни работи на балканските земји со некои од нивните европски колеги и комесарот за проширување Јоханес Хан. Мигрантите ќе се најдат на министерската маса на 27 август во Виена.

Според последните информации од МВР, вчера во Македонија биле издадени 1.327 потврди за лица кои изјавиле дека сакаат да побараат азил.

Да потсетиме дека со измените на Законот за азил, мигрантот може да изрази желба за азил во Македонија. Тоа му дава право на 72 часовен легален престој во земјата. Во тој кус период мигрантот треба да одлучи дали ќе побара азил кај нас или ќе ја напушти земјата. Но, познато е дека Македонија е транзит земја за мигрантите кои својата среќа ја бараат во земјите на ЕУ.


Мигранти на границата со Грција

Според МВР во последните два месеци во Македонија влегле 41,414 мигранти кои изразиле желба за азил и со тоа добиле потврда за 72 часовем легален престој.

И кога сме кај бројките, да додадеме дека според МВР Македонија троши 800.000 евра месечно за да се обезбеди јужната граница и дека според невладините организации околу 1.500 бегалци се наоѓаат во безграничната зона помеѓу Македонија и Грција.

Мигрантската криза веќе со месеци е на врвот на агендата на ЕУ но исто така со месеци – решение нема. Повикот на ЕК за солидарност до сите земји членки не го даде саканиот резултат.

Според официјалните бројки на агенцијата Фронтекс, само во јули во ЕУ влегле 107.500 бегалци. Најголемиот број од нив бараат азил во Германија и Шведска. Германските власти очекуваат дека во текот на оваа година ќе добијат 750.000 барања за азил и тоа од бегалци кои доаѓаат од Сирија и од Балканот.

Во желба да ја намали оваа бројка, Германија, заедно со ЕУ, најави дека балканските земји ќе бидат прогласени за “сигурни земји”. Со тоа ЕУ става на знаење дека нема да дава азил за жителите од овие земји и дека азилантскиот статус е резервиран за лицата кои бегаат од војна и диктатура.

Оваа најава не е изненадувачка ако се знае дека од јануари до јули оваа година 23.260 жители на Косово илегално влегле во ЕУ каде што бараат азил.


Албанци од Косово на пат кон Германија

Сепак најголемиот број мигранти кои во ЕУ одат преку ткнр «западно-балкански пат» доаѓаат од Сирија (28.749) и Авганистан (29.245).

Тоа значи дека од јануари до крајот на јули преку «западно-балкански пат» во ЕУ влегле 102.342 мигранти.

Мигрантите кои преку Грција влегуваат кај нас, бегаат пред се од војната во Сирија. Интересен е податокот дека најмногу бегалци, околу 3 милиони, се примени во земјите на Блискиот Исток кои и се соседи на Сирија а во самата Сирија има исто така милиони лица кои ги напуштаат своите домови но остануваат во земјата.


Пет илјади Еритрејанци годишно се обидуваат да влезат во ЕУ

Помеѓу мигрантите има и млади луѓе кои бегаат од репресијата во Еритреја и од воениот рок за кој велат дека наликува на вистинско ропство.

Бегалци има и од Сомалија кои бараат спас од репресијата во нивната земја а многу Авганистанци бегаат од сиромаштијата и насилствата кои во земјата ги вршат Талибанците и криминалните групи.

Ситуацијата е сериозна и во Либија каде што се води борба за власт помеѓу две влади а во земјата влегоа и борци на групата Исламска држава. Хаосот во земјата создава клима за шверцерите на мигранти. ЕУ би требало да прати своја воена сила во Либија за да помогне да се врати стабилноста во земјата, но досега ова останува да биде само идеја околу која земјите членки размислуваат.

Речиси 2.000 мигранти ова година ги загубиле животите обидувајќи се да стасаат до Италија и Грција преку Медитеранот. Опасностите на овој пат ги тераат луѓето, особено од Сирија, да се одлучат за патот преку Балканот.

Главните земји на ЕУ во кои влегуваат мигрантите се Грција, Италија и Малта.

Ситуацијата е најсериозна кај нашиот јужен сосед. Според последните информации од ЕК, во јули во Грција влегле 50.000 мигранти додека во јули 2014 година влегле 6.000.


Мигрантите пристигнуваат на грчките острови

Во Унгарија во јули влегле 35.000 бегалци.

Минатата недела ЕК одобри 474 милиони евра за Грција и уште 2.74 милиони евра за итна помош за новите мигранти кои влегуваат на островите во Егејското Море. Грција исто така прави план за релоцирање на 16.000 мигранти во земјите членки на ЕУ.

Но, само парите не го решаваат проблемот. ЕК побара од земјите членки да примат 60.000 мигранти и по повеќе обиди успеа да најде место за 54.000 мигранти.

На барањето за повеќе солидарност во оваа криза, од земјите членки не дојде срдечен и солидарен одговор.

Наместо тоа, Унгарија гради ѕид за да ги спречи мигрантите да влезат во земјата.

Според планот на ЕУ Словачка треба да прими 200 бегалци но земјата поставува услов: мигрантите кои ќе ги прими треба да бидат христијани. Муслиманите, вели Словачка, нема да се чувствуваат како дома во Словачка. Па оттука одлуката да им се затвори вратата на муслиманите.

Франција и Велика Британија (која до максимум го ограничува приемот на бегалци) влегоа во вербална војна околу 3.000 мигранти во кампот во Кале, наречен «џунгла» поради лошите услови. Мигрантите се обидуваат на сите можни начини да влезат во Велика Британија и досега има повеќе смртни случаи на бегалци кои пешки тргнале низ евротунелот под Ла Манш. Конечно вчера Париз и Лондон склучија договор кој треба да ја реши оваа криза.


Кампот “џунгла” во Кале, Франција

Како што пред неколку дена предвиде германската канцеларка Ангела Меркел, мигрантската криза ќе биде главната главоболка на ЕУ во следниот период. ЕК бара заеднички одговор за проблемот а тоа пред се значи заедничка политика за азил, постојан механизам за итни случаи (како што е потребен ова лето), заедничка дефиниција за тоа кои земји на потекло на бегалците треба да бидат прогласени за «сигурни», но исто така начин да се отворат патишта за легална миграција.

И сето тоа мора да се направи брзо. Уште еден испит за ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.