Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европол не го исполни својот потенцијал за отстранување мрежи за криумчарење мигранти бидејќи ги нема сите потребни информации

0
By Mirjana on September 30, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
Photo: Food Navigator
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата на ЕУ за спроведување на законот, Европол не го исполни својот потенцијал за отстранување мрежи за шверцување мигранти, бидејќи ги нема сите потребни информации, заклучија денеска официјалните ревизори.

– Како центар за размена на информации, Европол треба да има пристап и систематски да ги користи сите релевантни извори на податоци, но тоа во моментов не е така, рече членката на Европскиот суд на ревизори (ЕЦА), Бетина Јакобсен, во писмена изјава.

Европол, со седиште во Хаг со персонал од повеќе од 1.000 луѓе, им помага на 27 земји-членки на ЕУ да се координираат едни со други додека се обидуваат да ги растурат мрежите што им помагаат на луѓето да мигрираат во Унијата.

Но, оваа работа честопати е фрустрирана од парцијален пристап и употреба на клучните бази на податоци – и приватни и јавни – и понекогаш со ограничен ангажман од самите земји-членки, откриле ревизорите.

На пример, телото „не прави систематска употреба или воопшто не користи надворешни извори на податоци, како што се Информативниот систем за визи и евиденцијата за името на патникот“, се вели во соопштението на ЕЦА.

Агенцијата, која исто така работи со земји и организации кои не се членки на ЕУ, се соочува со проблеми при постигнување договори за размена на информации со држави на потекло или транзит надвор од Европската унија, тврди ЕЦА.

На околу 90 проценти од илегалните мигранти кои пристигнаа во ЕУ им помогнале шверцери, покажува истражувањето на Европол.

Агенцијата проценува дека индустријата – која вклучува услуги како сместување, транспорт и обезбедување лажни документи – е многу профитабилна. На пример, во 2015 година се сметаше дека има обрт од три до шест милијарди евра (3,5 до 7 милијарди долари)

Европол криумчарење Мигранти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.