Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европратеници бараат „видливо присуство“ на еврокомесари на Парадата на гордоста во Будимпешта

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Pixabay
Фото: Pixabay
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шеесет европратеници од редовите на пет од осумте пратенички групи во Европскиот парламент, упатиле писмо до Европската комисија во кое бараат членови на Колеџот на комесари да бидат „видливо присутни“ на Парадата на гордоста во Будимпешта, што би требало да се одржи кон крајот на следниот месец.

Во писмото, во кое увид имал бриселскиот портал „Еурактив“, европратениците изразуваат „длабоко разочарување“ што Кабинетот на претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен ги повикал комесарите да не присуствуваат на Парадата.

Пратениците ја обвинуваат Европската Комисија дека „не ги исполнува своите должности“ и покажува „слабост и недостиг на солидарност“ со европската ЛГБТК заедница и бараат од Фон дер Лајен да ја „преиспита“ својата позиција и „да се обезбеди дека Комисијата ќе биде видливо присутна на Парадата на гордоста во Будимпешта“.

Сега повеќе од кога било… сите оние кои веруваат во слободата и достоинството за сите, треба да видат дека Европската Унија е нивен вистински сојузник… Ако Европската комисија навистина сака да застане рамо до рамо со ЛГБТИК+ заедницата, не може да се воздржува од поддршка на мирните демонстрации за еднаквост од страв да не ја „провоцира“ Владата на Виктор Орбан, се вели во писмото.

Во, понеделникот се појавија медиумски информации дека  Кабинетот на Фон дер Лајен „јасно им ставил до знаење“ на еврокомесарите дека „не сака да види никого на Парадата“, затоа што не сака тие да се мешаат во внатрешни работи на земја членка на ЕУ и да создаваат тензии. Комисијата подоцна ги негираше ваквите тврдења.

Реакцијата на европратениците се надоврзува на барањата упатени до Европската комисија да ја поддржи Парадата на гордоста во Будимпешта, чие одржување е забрането со Законот што унгарскиот Парламент го усвои во март годинава.

Претходно, претседателката на либералната пратеничка група „Да ја обновиме Европа“, Валери Ајер, исто така, упати писмо до Комисијата со кое ја повикува „да преземе привремени законски мерки за да овозможи маршот да се одржи“.

Во понеделникот 17 земји членки од ЕУ, меѓу кои и Германија, Франција и Шпанија, по иницијатива на Холандија, потпишаа документ со која „се опоменува“ Унгарија поради ограничувањата на ЛГБТК заедницата во земјата предвидени со мерките од Законот усвоен во март.

Во документот се „изразува загриженост од импликациите на овие мерки врз слободата на изразување, правото на мирно собирање и правото на приватност“, при што се додава дека заштитата на ЛГБТК лицата „е својствена за европското семејство“.

Потписниците на документот бараат и Европската комисија „целосно да го искористи пакетот алатки за владеење на правото што и е на располагање“, доколку Унгарија не го промени курсот на своето однесување.

На прашање дали некои од еврокомесарите планираат да присуствуваат на маршот во Будимпешта, главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо изјави дека засега не може „да ги потврди плановите за патување на комесарите за крајот на јуни“.

Еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкл Мекграт изјави дека „не е во можност“ да присуствува на Парадата во Будимпешта, но дека „не ја исклучува можноста“ да иницира мерки, какви што побараа Ајер во писмото до Еврокомисијата.

Будимпешта Европска комисија Парада на гордоста Фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.