Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската комисија: Наметнувањето нови шенгенски услови за Бугарија е неправедно

0
By Соња Крамарска on February 7, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наметнувањето дополнителни услови за Бугарија за нејзино влегување во Шенген зоната е „неправедно“ во однос на напорите што ги прави земјата, изјави потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ, пренесе агенцијата Анадолија.

За време на прес-конференција, новинар го потсети дека Австрија и Холандија се против учеството на Бугарија во Шенген. Тогаш Шефчовиќ истакна дека и Бугарија и Романија се соочуваат со иста ситуација, додавајќи дека двете земји прават се што е можно за да се подготват за членство.

Беше покренато и прашањето за повеќе земји кои предлагаат можност за изградба на ѕид за заштита на надворешните граници.

Како одговор, Шефчовиќ рече дека тие не ја поддржуваат опцијата за ѕид и истакна дека сметаат дека финансирањето на Европската унија е погодно за широк спектар на мерки. Некои од нив се: инсталирање и одржување на системи за надзор, набавка на опрема што треба да се обезбеди на Фронтекс, реновирање или проширување на граничните пунктови, обука на граничари и поддршка за планирање вонредни состојби.

Шенген зоната го покрива најголемиот дел од ЕУ и сите членки на Европската асоцијација за слободна трговија (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија).

Советот на Европската унија на 8 декември минатата година донесе одлука за укинување на граничната контрола со Хрватска.

Бугарија Европска комисија шенген
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.