Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската Унија се подготвува за Брегзит без договор

0
By Нова ТВ on March 25, 2019 ВЕСТИ
Фото: Гети
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 25, 2019 12:23

Европската Комисија ги објави утрово подготовките за Брегзит без договор и ги повикува граѓаните и фирмите да се информираат за сите можни последици од ова сценарио, јави МИА од Брисел.

-Со оглед на тоа дека е сѐ поверојатно дека Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската Унија без договор на 12 април, Европската Комисија денеска ги комплетираше своите подготовки за Брегзит „без договор“, соопшти прес службата на ЕК.

Европските шефови на држави и влади минатата недела и дадоа два рока на британската премиерка Тереза Меј да се изјасни за наредните чекори. Доколку таа успее да собере мнозинство во Парламентот околу договорот за повлекување од ЕУ до 29 март, Брегзит се одлага до 22 мај. Во спротивно, се одлага само до 12 април. Бидејќи рокот е многу кус, а политичката криза во Британија не стивнува, станува сѐ поизвесно дека сите страни треба да се подготват за Брегзит без договор, сценариото кое најмалку го посакуваа двете страни.

Конкретно, Брегзит без договор ќе значи дека Обединетото Кралство по 12 април станува трета земја и односите меѓу ЕУ и Лондон ќе се водат согласно меѓународното право и правилата на Светската трговска организација (СТО).

Договорот за повлекување, односно договорот за Брегзит, кој го отфрли британскиот Парламент, имаше за цел токму да воведе транзициски период, за напуштањето на Британците да не биде брутално и да се избегнат максимално секакви непосакувани последици на недоволна подготвеност.

Од 12 април, ако нема договор, правото на ЕУ нема повеќе да се применува во Обединетото Кралство, нема да има транзициски период, што „јасно ќе предизвика значајни нарушувања за граѓаните и фирмите“, предупредува Европската Комисија.

-ЕУ ќе мора веднаш да ги применува своите правила и царини на границите со Обединетото Кралство, што вклучува проверки и контроли на царините, на санитарните и фитосанитарните стандарди и верификација на усогласеноста со ЕУ нормите, стои во соопштението.

Покрај ова, Британците нема повеќе да можат да аплицираат за ЕУ грантови, а британските граѓани нема повеќе да бидат граѓани на ЕУ.

-Тие ќе бидат предмет на дополнителни проверки кога ќе ги минуваат границите на ЕУ, предупредува ЕК.

Земјите и институциите на Европската Унија се подготвуваат речиси две години за ова сценарио, уверуваат службите на Европската Комисија. До денеска, извршната власт поднела 19 предлог-закони, од кои 17 се веќе одобрени од страна на ко-одлучувачите, Советот и Парламентот, или се во тек.

Меѓу овие мерки се наоѓаат буџетот на ЕУ во случај на Брегзит без договор, надоместоци за рибарите кои нема повеќе да имаат пристап до британските води, безбедноста на авионскиот сообраќај, програмите за студентска размена или, пак, визните политики, информираат од ЕК. Мерките се привремени и ќе бидат унилатерално усвоени од страна на Европската Унија.

Фокс: Ако нема Брегзит, ќе има уставна криза

Британскиот министер за трговија Лајам Фокс изјави денеска дека Велика Британија можеби нема да ја напушти ЕУ доколку Парламентот не го одобри договорот за Брегзит на премиерката Тереза Меј.

Тој оцени дека дека тоа би поттикнало демократска и уставна криза во земјата.

– Или ќе излеземе од ЕУ со договор, или ќе ја напуштиме без договор, што е можно. Но мислам дека Парламентот прави се за тоа да биде како што треба, или воопшто нема да ја напуштиме, за што мислам дека ќе произведе демократска и уставна криза, истакна Фокс.

Премиерката Тереза Меј за денеска закажа состанок со министрите во Владата, на кој ќе ги информира за плановите за Брегзит.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.