Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски плати и животен стандард, поддршка за младите, силна домашна економија – дел од изборната програма на СДСМ

0
By Gabi Tocko on March 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 23, 2024 21:18

Европски плати и животен стандард, достоинствен живот за пензионерите и поддршка за младите, силна домашна економија и модерна европска инфраструктура, се дел од главните столбови на Социјалдемократскиот сојуз содржани во нивната изборна програма.

Како што информираше на вечерашниот 28. Конгрес на СДСМ, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, програмата опфаќа повеќе од 250 страници и во неа е предвидено завршување на преговорите со Европската Унија до 2028 година.

Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година. Заедно тоа ќе го направиме. Нема откажување од иднината! Програмата е детална, конкретна и содржи голем број мерки во сите области и за сите граѓани. Оваа програма е за сите – младите, пензионерите, земјоделците, бизнисите и работниците, лицата со попреченост, жените, мажите, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите, Бошњаците – буквално сите кои живеат во нашата Македонија, рече Ковачевски.

Првиот столб од програмата на СДСМ е европски плати и животен стандард, во кој е предвидена просечна плата од 1.100 евра и минималната плата од 600 евра или 37.000 денари.

Во 2028 година, според програмата, СДСМ ветува минималната пензија да биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари.

Плус, од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата, дополи Ковачевски.

По 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години е дел од поддршката на младите која е предвидена во програмата.

Таа предвидува и 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство.

Поттик на економскиот раст, предвидуваме 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции. Во наредните четири години ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 километри изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 километри патишта, посочи претседателот на СДСМ.

Во столбот „Европско земјоделство“, Ковачевски рече дека СДСМ ќе обезбеди поголеми субвенции и поддршка за земјоделците од 750 милиони евра.

До 2028 година проектираме Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра, рече тој.

Бесплатниот топол оброк за учениците во основните и средните училишта, како и бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти се дел од столбот „Европско образование“, чиста енергија и поевтина струја се, исто така, дел од програмата.

Предвидуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70 проценти до 2028 во однос на 2019 година. Енергетска независност и самостојност со која ќе ги задоволуваме 100 отсто од сопствените потреби. Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата, потенцираше Ковачевски.

Изборната програма на СДСМ се содржи и од повеќе ЕУ фондови за македонската економија. Според нив, со отворање на поглавјата ќе се обезбедат дополнителни фондови за посилна македонска економија и за повеќе знаења и стручност.

Вложуваме повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, за реновирања јавни објекти, за Модернизирање на училиштата, за обуки за наставниците и младите. Уште повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ, рече Ковачевски.

Покрај презентацијата на делови од програмата на партијата за парламентарните избори 2024, Ковачевски вечерва ги соопшти и носителите и ко-носителите на изборните листи. На 28. Конгрес на партијата треба да бидат потврдени кандидатските листи, кои беа утврдени во текот на денот на седници на Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Ковачевски соопшти дека тој е носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица ко-носителка Моника Зајкова од ЛДП, во Втората изборна единица Оливер Спасовски и ко-носител Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката Јован Митрески и Бисера Костадиновска-Стојчевска, додека во Шестата изборна единица листата на СДСМ ќе ја ја предводи Славјанка Петровска а зад неа е Агрон Демири.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.