Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство

0
By Нова ТВ on November 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 25, 2013 12:47

Во Првиот семеен центар на Град Скопје, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување-ХЕРА заедно со Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Националниот совет за родова рамноправност-СОЖМ одржаа прес конференција за одбележување на меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“.

Кампањата официјално започнува на 25 ноември и завршува на 10 декември при што 25 ноември се одбележува како „Меѓународен ден за борба против насилство врз жените“.

Согласно усвоената стратегија за спречување и заштита од семејно насилство 2012-2015 веќе е утврден стратегискиот пат и рамката за сеопфатна реакција на системот за спречување на семејното насилство во рамки на повеќе ресори, вклучувајќи ги оние за здравство, социјална заштита, МВР, невладините организации и други општествени чинители.

Но, многу од работите наведени во стратешките документи и протоколи не се спроведуваат соодветно во пракса. Во Македонија се уште недостасуваат: Шелтер центри кои функционираат и нудат поддршка и заштита на жртви на семејно насилство 24 часа, Здравствени институции кои реагираат и пријавуваат семејно насилство по службена должност, Полициски станици кои интервенираат по пријава за семејно насилство независно од тоа колку пати веќе биле во тоа семејство, Советувалиштата за работа со сторители на семејно насилство децентрализирани во другите градови низ Македонија.

Според тоа, системот за заштита од семејно насилство во Македонија се соочува со многу предизвици на кои државните институции треба да одговорат, особено поради фактот што Република Македонија е потписничка на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (позната како Истанбулска конвенција).

Конвенцијата преставува прв сеопфатен правно обврзувачки документ кој ги регулира сите форми на насилство врз жените, вклучувајќи го и домашно насилство. Досега 27 земји ја потпишаа Конвенцијата и 8 земји ја ратификуваа. Македонија треба да побрза кон ратификување на оваа Конвенција бидејќи во Р.М не постојат сервиси за другите форми на насилство врз жени.

Постоечките ресурси и услуги се однесуваат доминантно на жртви на семејно насилство, а останатите видови на насилство врз жената, особено сексуалното насилство се практично изоставени. Организациите и институциите имаат недостаток од стручен кадар обучен за работа со други форми на насилство. Не постои стандардизација на услугите и сервисите помеѓу даватели, со исклучок на пилотирањето на стандардите за бесплатна правна помош. Организациите кои нудат услуги се најчесто сконцентрирани во урбани средини, па со тоа и достапноста на услугите е лимитирана и диспропорционална.

Токму во овој дух, на прес конференцијата се најави и кампањата “Потпишувам“ – на иницијатива на Националниот совет за родова рамноправност. Со потпишувањето на онлајн петицијата на веб сајтот http://www.potpisuvam.org/mk/potpisuvam.html, секој од нас може да го даде својот придонес за тоа што побргу да се ратификува оваа конвенција.

Кампањата “Потпишувам“ е во рамки на проектот „Со заеднички напори – Кон нови европски стандарди во заштита на жените од родово базирано насилство“ финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е придонес кон воспоставување на сеопфатни законски решенија и политики за заштита од родово засновано насилство во Западен Балкан, како услов за постигнување на демократија, исполнување на човековите права, социјално вклучување и усогласување со вредностите на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.