Во предлог резолуцијата на ЕП за Македонија за која попладнево се расправа на пленарна седница се апелира власта да ги преземе неопходните мерки со цел образовните содржини да бидат ослободени од идеолошки интерпретации и воедно да се промовираат содржини кои ќе градат позитивен однос на младите кон соседните народи и кои ќе придонесат за подoбро меѓусебно разбирање.
Во текстот на резолуцијата исто така се изразува загриженост за како што се вели феноменот на „антиквизација“. Културата и уметноста, се вели во текстот треба да помогнат за зближување а не за подвојување меѓу луѓето.
ЕП во овој докумеnт исто така ја повикува владата да испрати јасен сигнал до јавноста и медиумите дека дискриминацијата по основ на национален идентитет не смее да биде толерирана.