Меѓународната заедница станува се погласна во осудата на власта која со притисок, закани и монтирани случаи сака да се спаси од објавувањето на докази за нејзиното криминално владеење, посочи денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Според неа, потврда за тоа е и Декларацијата на Претседателството на Партијата на европски социјалисти која била усвоена вчера во Брисел.

– Европските социјалисти, во еден глас, на највисоко ниво, ја повикаа Владата на Никола Груевски да ги почитува основните демократски вредности, рече Шеќеринска.

Таа допшолни дека претседателството на ПЕС ги повторило веќе изразените критики кон власта за „селективна правда и зголемена партизација„ и заклучило дека обвинувањата од страна на Премиерот Груевски се показател токму на она што е напишано во извештаите на ЕУ.

– „Услови кои наликуваат на авторитаризам“ и „поткопана демократија“ се формулации со кои европските социјалисти бараат императив да биде владеењето на правото и независноста на судството во Македонија, дополни потпретседателката на СДСМ.

Таа информираше дека за да ја покаже својата поддршка за СДСМ, но и за враќање на демократијата и транспарентноста, ПЕС одлучила да подготви и испрати делегација во Македонија со цел целосно да ги согледа состојбите во државата и предизвикот со кој е соочена македонската демократија.

Се е Јасно. Евидентна е зголемената загриженост на меѓународните и европските сојузници за настаните што се случуваат во Македонија. Се поголем број од нив гласно зборуваат за потребата од одбрана на демократските вредности во Македонија, објасни Шеќеринска.

Според неа, пуч во земјава прави Никола Груевски, кој како што вели таа, чекор по чекор ги окупира сите институции и гази врз своите граѓани.

– Доаѓа денот кога за тоа ќе ја понесе одговорноста, рече Шеќеринска.