Еврото падна во однос на другите валути на берзата во Азија, после терористичкиот напад во Париз. Причината за ова е што инвеститорите се загрижени заради можното влијание на терористичкиот чин на економијата во еврозоната.
Берзите се отворени денеска првпат после нападот во кој беа убиени 129 луѓе. Додатен притисок на европската валута е што се очекува Европската централна банка да го засили печатењето на нови пари, за да го поттикне стопанството, јавува АФП.
Курсот на еврото уште во петокот на 13 ноември во Њујорк падна на 1,072 долари и 131,31 јапонски јени. Доларот исто така падна во однос на јенот од 122,62 на 122,5.