Претседателот на ЕЦБ Марио Драги објави план на Европската централна банка за инјектирање на 1,1 трилион евра во еврозоната преку т.н. “квантитативни олеснувања”, по примерот на мерките на Федералните резерви на САД.
За време на својата традиционална прес-конференција по состанокот на Управниот одбор Драги изјави дека ЕЦБ ќе купува државни и приватни обврзници до 60 милијарди евра секој месец, додека нивото на инфлација достигне до 2%. Според него, тоа ќе продолжи до септември 2016 година и ќе започне од март 2015 година.
“Печатење” на пари со цел купување на владин долг и другите мерки за “квантитативни олеснувања” треба да ја намали цената на кредитирањето и да го стимулираат економскиот раст во еврозоната.
Марио Драги, првиот човек на Европската централна банка објави дека почнувајќи од март ЕЦБ ќе откупува 50 милијарди евра државни обврзници секој месец до септември 2016 година, со што се очекува во економијата на еврозоната да бидат вбризгани околу 1 илјада милијарди евра нови пари. Или во превод, за да се зголеми инфлацијата ЕЦБ ќе пушти повеќе пари во оптек, а тоа ќе значи многу повеќе и многу поефтини кредити за домаќинствата и компаниите.

