Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евтаназија

0
By Менче Атанасова Точи on December 27, 2016 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 27, 2016 11:28

Пред извесно време ми се јави една млада жена, мајка на неколку месечно бебе. . Таа сакаше  да се актуелизира  прашањето за донесување на Закон за евтаназија во Македонија. Младата мајка ми раскажа дека лекарите кренале раце од нејзиното дете бидејќи се родило со тешка  болест, а медицината не може да му помогне. Таа ми објасни дека лекарите и советувале бебето да си го однесе дома и чека полека да згасне неговиот живот, да почине пред нејзините очи. Многу потресна приказна!

Со жената разговараме два пати. Сакаше да зборува јавно, да каже низ кој пекол поминува, таа и нејзиното семејство. Рече дека е подготвена да покрене иницијатива за донесување на ваков закон. Но, по извесно време исчезна. Знаев дека се откажа, а јас не инсистирав да се објави приказната. По извесно време  кога се слушнавме по телефон,  рече дека е бесполезно сама да иницира такво нешто, дека нема интерес во државата за донесување на Закон за евтаназија. Не знам што се случи понатаму, го заборавив и нејзиното име и телефонскиот број, но ми остана мислата: Дали на Македонија и е потребен Закон за евтаназија?

Се сеќавам дека во минатото повремено ќе се покренеше некоја дебата на оваа тема и толку. Институциите никогаш не се изјаснија, а тоа не го сторија ниту правните експерти. Сега веќе не се помислува на оваа тема. Особено не, во време на владеење на конзервативна партија, за која и абортусот е убиство.

Евтанизија е чин кога со дозвола на лекарот може да се прекине живот на тешко болен кој страда, а медицината не може да му помогне. Некои го сметаат за убиство од милосрдие.

Во некои европски земји евтанзијата е легализирана уште пред 10-15 години. За христијанството како религија овој чин е неприфатлив бидејќи е против Божјата волја и шестата заповед во која се вели„не убивај“.

Македонија е далеку од развиениот свет. Младата жена сфати во каква држава живее и се откажа, во спротивно ќе беше прогласена за вештерка и „ставена на клада“.

Но, вистината е следна. Во Македонија евтаназија сепак, се прави во болниците стихијно, молчешкум, без да се крене голема врева. И без закон, се разбира. Тоа не е прекинување на живот со смртоносна доза на инјекција, туку едноставно во одреден момент се исклучува машината за дишење на која е приклучен пациентот.

Тоа се прави кај тешко болни за кои нема надеж и за нив лекарите имаат јасна клиничка слика дека нема да преживеат. Најчесто, таквите случаи остануваат приклучени на апарати од седум до 10 дена и кога секој понатамошен чекор во лекувањето не дава резултат, го исклучуваат од машината за дишење. Тоа е како некое непишано правило, кога нема смисла секоја понатамошна интервенција, но и заради друга причина, сурова но вистинита- за да се ослободи место за други пациенти.

Семејствата најчесто не се свесни за ваквиот чин. Само ќе им соопштат дека нивниот близок починал и тоа го прифаќаат како факт. Сигурна сум дека многумина ќе се зачудат кога ќе го читаат ова, а некои лекари ќе ме осудат. Но, вистината е таа, колку и да е болна или соголува. Потврдено е од повеќе реномирани лекари, а доживеано пред моите очи, со мојата мајка. Без мое одобрение, се разбира. По непишано правило, кое не го криеја од мене од самиот почеток.

Да, ова е Балкан и боли кога гледате како вашиот близок страда. Вие само го вртите погледот да не гледате и се молите на господ да му ги скрати маките. Но, кај нас, господ седи во Владата. Што повеќе да ви објаснувам!

 

 

 

 

 

 

апарати евтанзија страда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.