Премиерот Никола Груевски не е преголем оптимист за решавање на спорот за името во пресрет на декемврискиот Европски совет. Во интервју за „Фајненшел тајмс“, премиерот оценува дека можностите за решавање на ова прашање се најлоши во последните 18 месеци а за да се дојде до решение ќе мора да има интервенција на САД и водечките сили во Европа.
„Ситуацијата може да биде деблокирана ако Грција дојде под притисок од земји како САД, Германија и Франција. Но, ако не дојде до ова, тогаш тоа нема да се случи“, изјавил Груевски.
Како што пишува „Фајненшел тајмс“, Груевски вината ја префрлил врз Самарас, обвинувајќи го дека заземал „една од најрадикалните позиции што Грција воопшто ги имала во историјата на проблемот”.
Според Груевски, грчката и македонската влада направиле одреден напредок кон компромис, кога премиер на Грција беше социјалистот Јоргос Папандреу, но овој напредок отишол во обратна насока по доаѓањето на конзервативецот Самарас на функцијата.
Тој наведува дека владите на Македонија и Грција направиле мал напредок кон компромис кога социјалистот Јоргос Папандреу беше премиер во Атина од 2009 до 2011 година, но овој напредок назадуваше откако конзеративниот премиер Антонис Самарас ја презеде власт во јуни 2012 година.
Прашан каков вид притисок смета дека треба да биде направен врз Грција, Груевски вели дека големите сили треба да ја посетат Грција на пресудата на Меѓународниот суд на правдата.
На крајот „Фајненшл тајмс“ потсетува дека последниот предлог за името е даден во април годинава од медијаторот Метју Нимиц. Нимиц, пишува магазинот, предложил името да биде Горна Република Македонија и да биде користено на меѓународно ниво, но земјите кои веќе не признале под уставното име да продолжат да го користат во билатералната комуникација. Но, предлогот беше одбиен од Грција која инсистира дека сакаат едно име за севкупна употреба и дадоа предлог за Република Горна Македонија.
Грчкиот предлог, пак, беше неприфатлив за Груевски и неговота влада, наведува на крајот од текстот „Фајненшл тајмс“.




