Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФТ: Преименувањето во Северна Македонија е редок балкански дипломатски успех

0
By Нова ТВ on May 20, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 20, 2019 10:53

Договорот од Преспа веројатно е најголемото дипломатско достигнување на Западен Балкан, по Дејтонскиот договор со кој беше ставен крај на војната во Босна и Херцеговина во 1995 година. Преспа покренува надежи за напредок во справувањето со другите регионални предизвици, особено спорот меѓу Србија и Косово, за меѓуетничките ривалства и уставниот ќорсокак во БиХ, но потребни се и неколу чекори за да се зацврстат неговите продобивнки, се наведува во денешната анализа на „Фајненшел тајмс“ насловена „Договорот за новото име на Северна Македонија редок балкански дипломатски успех“.

– Историјата треба да биде училиште, а не затвор, рече Никос Коѕијас, поранешниот грчки министер за надворешни работи. За Балканот, кој со генерации е растргнат од етнички, политички, верски и територијални спорови, ова е амбициозен предлог. Сепак, решавањето на спорот за името помеѓу Грција и Северна Македонија сугерира дека Коѕијас е на вистинскиот пат. Зошто болните историски спомени да ги заглавуваат балканските влади и општества во бесконечна спирала на сомнеж и страв?, пишува ФТ.

Весникот потсетува дека со Преспанскиот договор кој стапи во сила на 12 февруари „Поранешната југословенска Република Македонија“ се преименува во Северна Македонија, термин кој не подразбира никаква територијална претензија кон северниот грчки регион Македонија. Од своја страна, Грција го призна правото на народот во Северна Македонија да го користи терминот „македонски” за јазик и националноста. На овој начин, се посочува во анализата, беше најден одговор за последното реинкарнирање на македонското прашање – постојан извор на тензии на јужниот Балкан од крајот на 19 век.

Компромисот, се вели во текстот, бараше значителна политичка храброст од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, кои се соочија со силен отпор од опозицијата во двете двете земји. Сепак, Преспа е правно обврзувачки меѓународен договор, а неговото значење се протега надвор од двете држави кои го потпишаа.

Преспа, анализира ФТ, покренува надежи за напредок во справувањето со другите регионални спорови, но не може да биде образец за исцелување на други конфликти бидејќи секој од нив е различен и има свои специфики. Спорот за името предизвика сериозни прашања за преклопување на тврдењата за симболите и суштината на националниот идентитет, што се рефлектира преку призми на историски мит, култура и денешна политичка борба. Но, во суштина тоа беше дипломатски проблем на кој му требаше дипломатско решение.

Преспанскиот договор, според ФТ, ќе се оценува и по тоа дали ќе ги отстрани сомневањета за долгорочната стабилност на Северна Македонија, а за да се случи тоа, потребни се три чекори.

– Прво, ЕУ мора да ги отвори своите врати за Северна Македонија и Албанија. Идеално е ЕУ да ги започне преговорите за членство со двете држави оваа година. Членството во ЕУ ќе се награди на Преспа со тоа што ќе стане ирелевантна границата меѓу Грција и Северна Македонија, исто како што одамна беа решени граничните спорови меѓу Франција и Германија. Во меѓувреме, почетокот на разговорите за влез на Албанија во ЕУ треба да ги заузда националистите во Тирана и Косово во обидите да ги искористат за своите цели и етничките Албанци во Северна Македонија, пишува ФТ.

Второ, не смеe да се дозволи дискредитирање или уништување на Преспанскиот договор од страна на неговите противници. Опозициската Нова демократија се чини дека ќе се врати на власт во Грција по следните парламентарни избори, кои треба да се одржат до октомври. Нова демократија е критична кон Преспа, но би било поумно Киријакос Мицотакис, лидерот на партијата, да го прифати договорот и да помогне во интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ и НАТО, политики кои сигурно се во национален интерес на Грција, се вели во анализата.

– Исто така, време е и десничарските противници на Заев да се збогуваат со македонскиот шовинизам. Нивниот бомбастичен национализам направи голема штета на репутацијата на младата држава за време на владеењето на Никола Груевски 2006-2016. Сега Северна Македонија мора да негува инклузивен граѓански патриотизам кој ги штити, па дури и ги зајакнува правата на своите етнички Албанци, пишува ФТ.

Ова, како што се посочува, води до третата точка. – Новото прашање на јужен Балкан е дали етничките Албанци во регионот ќе бидат задоволни да останат дисперзирани во три држави – Албанија, Косово и Северна Македонија – или дали некои или сите ќе се обидат да се обединат во Голема Албанија. Секој таков гамбит носи висок ризик за втурнување на регионот во насилство. Затоа, политичарите на етничките Албанци во трите заедници треба да бидат воздржани. Меѓутоа, во замена, ЕУ и регионалните балкански политичари, вклучително и во Скопје, мора да ги убедат сите Албанци дека нивните аспирации за просперитет, граѓански права и европска интеграција добиваат соодветно внимание. На ова, не помалку од Преспанскиот договор, ќе зависи и благосостојбата на Северна Македонија, па дури и нејзиниот опстанок, наведува „Фајненшел тајмс“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.