Европратеничката задолжена за визна либерализација на земјите од Западен Балкан, Тања Фајон најавува посета на Република Македонија следната недела, со акцент на моментот дека очекува некој во Скопје да ја праша и за механизмот што Европскиот парламент го изгласа во однос на можно укинување на безвизниот режим.
– Јас во Македонија доаѓам како пријател, вели Фајон. Заедно со Едвард Кукан и останати колеги од Европскиот парламент, доаѓаме в понеделник на заедичка конференција со македонскио парламент на тема транспарентност, ја пренесува МИА изјавата на словенечката пратеничка во европскиот законодавен дом.
– Не доаѓаме во контекст на извештајот на Европската комисија, ниту за Резолуцијата на Европарламентот. Причината е конференцијата на тема „транспарентност” и нема ништо друго на маса за разговор, вели Фајон.




