Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европратеничката Фајон: Разочарана сум од егоизмот и себичноста на Бугарија

0
By Sashko on July 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу сум разочарана од однесувањето на Бугарија, нивниот егоизам или себичност е екстремно погрешен и неодговорен. Се надевам дека ќе успееме да ја убедиме што е влогот и да најдеме компромис и договор, затоа што не можеме заради национален интерес или заради добивање политички поени во национално опкружување да загрозуваме иднина на соседна земја, што се случува денеска, вели Тања Фајон европратеничка од Словенија и силен поборник за европерспективите на Западен Балкан.

– Пред нас е важно време, не е изгубено се, не сакам да бидам песимистична, јас сум реалист, но мора да одиме напред, бидејќи едно нешто за мене е јасно – Западен Балкан отсекогаш е дел од Европа. Го делиме континентот и глобалните предизвици. Си требаме едни на други, за заедно да се бориме и да го одржиме континентот силен и обединет, вели Фајон во интервју за „360 Степени“  на маргините од првата Меѓунардона конференција „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид, коментирајќи го новиот спор со Бугарија.

Фајон изразува задоволство што Словенија го стави Западен Балкан меѓу приоритетите од своето шестмесечно претседавање со ЕУ.

– Ја поддржувам амбициозната агенда, што може да биде најдобар можен исход и се надевам дека со помош на сите европски партнери ќе успееме да ги отпочнеме преговорите со Северна Македонија и со Албанија и да го испорачаме тоа што го ветивме пред три години – визна либерализација за Косово. Некако, повторно да се поврзе бизнисот, економијата, контактите меѓу луѓето, да се врати довербата, не само внатре во регионот, туку и во институциите и во ЕУ. Сакам да ги видам пријателите од Западен Балкан како дел од дискусијата за иднината на Европа. Ние се обидуваме да го постигнеме тоа во Брисел, во Европскиот парламент. Дебата со граѓанското општество, со граѓаните е во тек и срамно е да се види дека Западен Балкан не е вклучен. Тоа е можност навистина да покажеме дека сите сме дел од овој континент и треба да дискутираме заедно за нашата иднина, вели европратеничката Тања Фајон.

Бугарија Европратеничка Западен Балкан Македонија Тања Фајон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.