Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фајон: Сцените од 27 април во Собранието беа шокантни

0
By Светлана Јовановска on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интервју со Тања Фајон, словенечка пратеничка во Европскиот парламент.

Во Македонија беа уапсени 36 лица за настаните во Парлaментот на 27 април. Помеѓу нив се и пратеници. Дали со ова Македонина оди во внатрешно помирување и стабилизирање или пак се работи за реваншизам и дестабилизација на земјата?

Би сакала тоа да е пат кон помирување. Се сеќавам на сцените од Парламентот пред неколку месеци. Тоа беше шокантно. Од друга страна не сум во позиција на коментирам што прават правосудните органи. Тоа е во нивни раце. Се надевам дека сите случаи ќе имаат епилог што е можно побрзо и граѓаните да видат дека сериозно се работи за да има подобар живот и за нив. Се што се случуваше во Парлементот, тие судири и сцени мораат да имаат епилог. Заради тоа се надевам дека и новата македонска власт и правосудните органи кои се надлежни за тоа дека сериозно и чесно ќе ја завршат работата.

За односите помеѓу ЕУ, Балканот и Македонија. ЕК подготвува стратегија за Балканот што ќе биде презентирана во февруари. Многу се зборува за таа стратегија особено на Балканот. Дали тоа значи дека Балканот на голема врата се враќа во ЕУ?

Имам впечаток дека се повеќе разговараме за Балканот во последно време. Постои позитивен момент и се враќа доверба а од друга страна и кај нас има свест дека треба повеќе да направиме, за сите земји на Западниот Балкан. Комесарот Хан веќе изјави дека овој момент е подобат отколку пред година и пол или две. Комисијата го завршува својот мандат на крајот на 2019 година па очекувам позитивни чекори. Идната година е стратегијата која ќе направи чекор понатаму особено за Србија и Црна Гора, постои можност да добијат датум за влез во ЕУ. Но и за Македонија која е кандидат и се надевам дека наскоро ќе имаме позитивен момент и за името. И Македонија што е можно побрзо да го почне преговорите.

Претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер излезе со датум 2025 година што е сосема невообичаено за европските институции да споменуваат датуми. Зошто сега?

Да и јас мислам дека невообичаено. Не е добро да дадеш ветување а другиот партнер не е спремен. И тоа е можно. Ова е веројатно обид да се даде поддршка за земјите што можат да бидат подгтовени. Јас би сакала тоа да не бидат само Србија и Црна Гора туку сите да бидат во процесот за да стасаат до преговори и условите за влез во ЕУ што е можно побрзо. Не е толку битен крајниот датум, дали ќе биде за 5 или 10 години. Битен е процесот. Во тој процес се прават реформи за подобар живот. Кога има реформи за подобра економија, има подобри инвестиции, се отвораат работни места и луѓето имаат можности за подобар живот. Тоа се реформите за влез во ЕУ. Се надевам дека и новата власт во Македонија ќе тргне што е можно побрзо. Веќе има некои добри резултати на тој пат кон ЕУ.

Уште едно прашање за стратегијата. Комисијата ќе ја презентира меѓутоа земјите членки мораат да ја прифатат таа стратегија. Во ЕУ кому најмногу во пречи проширувањето кон Балканот?

Не мислам дека има држава на која и пречи проширувањето. Но потребни ни се позитивни аргументи, резултати да се види дека се оди на подобро. Имавме замор од проширувањето, постои некаква негативна атмосфера поради сите кризи низ кои минавме. И Балканот треба да донесе резултати да покажат дека навистина сакаат влез во ЕУ. Понекогаш чувствуваме дека на луѓето што се власт повеќе им одговара статус кво отколку брзо влегување во ЕУ. Тоа е процес за двете страни. Секако мораме да бидеме пријатели, треба да соработуваме и на крајот сите ќе имаме корист. Затоа посакувам и во ЕУ да имаме политичари и власти што ќе бидат свесни дека проширувањето е нужно, не само за мир и стабилност туку за подобар живот на сите. Особено кога ќе ги погледнеме предизвиците пред нас, убедена сум дека полесно ќе ги надминеме ако живееме заедно во големо семејство.

Македонија очекува старт на преговори во втората половина на 2018 година. Дали по вас тие очекувања се оправдани?

Да, тие очекувања се оправдани. Јас и моите колеги ќе направиме се за да ја поддржиме Македонија во тој процес за отворање преговори.

Едно деликатно прашање. Дали Македонија треба да го смени името за да влезе во ЕУ?

Тоа е прашање за вашите политичари и граѓаните. Тие одлучуваат и тие треба да живеат со тоа.

Вашите колеги, Едвард Кукан, Иви Вајлг и Кнут Флекенштајн, подготвуваат средби со македонските партии во куќата на Жан Моне во Париз. Тоа е најавено за средби за учење политички дијалог и консензус. Дали тоа значи дека Европскиот парламент сака да ја научи Македонија како се постигнува консензус помеѓу политичките партии? Мора да се признае дека не сме најдобри во таа област. И особено сега кога на дневен ред доаѓа спорот со Грција?

Сигурно дека е тоа обид за подобар дијалог. Сите да можат да разговараат со сите и политичарите да бидат отворени за дијалог со другата страна. И ние често имаме слични проблеми, не е тоа само Македонија. Секој обид за потрага по дијалог и искрен разговор јас го поддржувам. Тоа не е обид да се научат политичарите да работат подобро. Мислам дека тие се свесни за нивната одговорност. Тоа е обид да разговараат заедно и со европската страна. Така што очекуваме дека на крајот на овој процес ќе има позитивен резултат за двете страни и особено за напредок на Македонија.

 

Жан-Клод Јункер преговори Собрание стратегија за Балканот Тања Фајон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.