Published: Thursday, June 11, 2015 12:57
Фани Каранфилова-Пановска е избрана за нов извршен директор на фондацијата „Отворено општество – Македонија“, објави Утрински весник.
Долгогодишната внатрешна членка на фондацијата ќе го замени режисерот и професор, 67-годишниот Владимир Милчин, кој по 23 години раководење, го напушта кормилото на македонскиот разгранок од мрежата на Сорос во Централна и Источна Европа, пишува весникот.
Во телефонски разговор за весникот, Милчин само потврдил дека на водечкото место во ФООМ останува до 30 јуни.




