Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фантомски гласачи во имагинарни влезови во Кисела Вода

0
By Влатко Чаловски on April 10, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 10, 2014 15:12


Вкупно 15 фантомски гласачи на адреса „Михаил Чаков бр. 7“ во општина Кисела Вода се наоѓаат на Избирачкиот список, утврдија денеска на терен набљудувачите на невладината „Цивил“.

Во зградата на истата адреса, во Избирачкиот список се запишани шест влеза, иако истата има само три. Во имагинарниот четврти влез се запишани шест луѓе, во петтиот се запишани пет а во шестиот од непостоечките влезови забележани се четири лица.

Граѓаните кои живеат во Кисела Вода во истата зграда, велат и порано се случувало „да се појават“ повеќе влезови наместо постоечките три.

Претседателот на „Цивил“, Џабир Дерала потенцираше дека со ова се покажуваат недоследностите и слабостите во квалитетот на изборниот процес, и изрази верување дека ваквите нерегуларности можат да бидат основа за евентуално поништување на изборните резултати.

– Ги повикувам надлежните институции да преземат соодветна акција за ваквите појави. Ваквите фиктивни гласачи и места на живеење се основа за поништување на изборните резултати. Затоа, апелирам до сите чинители во изборите да дозволат слободни, фер и демократски избори – изјави Дерала.

Тој упати апел до граѓаните на 13-ти да гласаат без страв, бидејќи нивното интимно право на глас е загарантирано и никаков притисок не треба да влијае врз нив.

„Цивил“ и во вчерашното истражување на терен, утврди дека во Кисела Вода, на адреса „Петар Дељан“ во зградата број 11 се запишани имиња за кои жителите на зградата потврдија дека немаат такви соседи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.