Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фашизмот и ние – македонскиот ситно-граѓански “мал фашизам”

0
By Zoran Ivanov on April 22, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 22, 2026 16:09

Условите на малиот фашизам ДПМНЕ во социјалната бранша ги исполни развивајки две колективни паранои: криза од неизвесна, сиромашна егзистенција која се префрлува на минатите владеечки гарнитури; и создавање “жртвен јарец” со пропаганда за опасност од гаснење и загроза на нашиот исконски македонски идентитет со инвазија и “силување” на Македонија од странците и нивните договори во кои ние само попуштаме и се губиме, завери на нашите предавници, малцинствата одвнатре, либерали, соросоиди, ЛГБТ+ и Транс луѓе, феминистки и сл!

Љубомир Д. Фрчкоски

Терминот “мал фашизам” веројатно се должи на Алберто Тоскано или пред него на Феликс Гатари или Фуко, не е важно, важно е дека се разликува од класичниот фашизам не само по листата особини кои Умберто Еко ги набројуваше туку по една специфична слобода/задоволство да се мрази “другиот”.

Значи нема ситуација на креирање “Нов поредок и Голем вечен Рајх” туку се нормализира колапсот на општеството и неговите инклузивни норми под раководење на популистичкиот мал фашистички национализам. Општиот колапс во општеството и економијата се развива во политика на раководење со статус-квото на гниење и омраза што е хумус на “малиот фашизам”. Тој е некаков вентил за издувување на ферментираниот притисокот внатре во општеството од неговото гниење, кое може да води до експлозија и наместо неа сигурносниот вентил на малиот фашизам шишти постојано.

Но, сепак малиот фашизам има малку посложена феноменологија од оваа механичка метафора, а таа се препознава “по книга” во Македонија под ДПМНЕ.

Фашистичката состојба на умот кодифицира специфична есенцијалистичка интерпретација на националниот идентитет и културата: таа станува неподвижна, во камен издлабена варијабла со која се цени сè друго – културните архитипови, етничките карактеристики измешани со расизам, “другите” како пријатели или непријатели, паничење околу мигрантите антитерористички секуритаризам , всушност полициско присуство и каде не е потребно, враќање на модел на доминација на токсична машкост и со тоа сексизам, хомофобија и антифеминизам.

Културата на есенцијалистичкиот идентитет се базира на фабрикување историја на нацијата како жртва на историските премрежија. Таму каде поразите се слават повеќе од хероите, каде се создаваат фантазми за големина на нацијата и се жали за загубеното единство или територија, кои никогаш се немале итн.

Малиот фашизам го убива јазикот и текстот на начин што зборовите во јавниот дискурс и комуникацијата ја заробува во еднолиниски значења. Зборовите добиваат ригидни значења и со тоа се бара сигурност и потврда на фашистичките ставови. Тоа им одзема слоевитост на зборовите и изразите и ја затвара онаа мала пукнатина на сомнеж и можности на кои се базира можноста за деконструктивното читање на секој текст со значењата кои овозможува разлика, развој и промена. Таквите сомнежи наводно можеле да го “загрозат идентитетот” и мора да се елиминираат. Со тоа се губи секое симболично значење на јазикот и говорот.

Но, најинтересна е неговата колективно психолошка слика која Фуко ја нарекува “ослободување на малите задоволства …” а Гатари “секој сака да биде фашист …”. Имено приватизацијата на насилството и негова еротизација, либидална инвестиција во процесот со кој секој поединец слободно го искажува гневот и омразата кон другиот, со негово понижување и неказнуван расизам. Естетиката на фашистичката политика е во слободата на искажување на омразата на малиот субјект – граѓанинот. Никакви нови проекти, нова држава, нов систем… Никаков напредок во ништо не е потребен, само неказнето ослободување во перфомативното мразeње и јавно искажување на истото.

Да се живее во ексцес во ноќното право на Хегел, во обсценоста на прекршување на либералните демократски норми – дозволени премолчено од елитата која го стимулира малиот фашизам. Тој не им дава на масите права, само слобода да се искажат во најдолните либидални задоволства на обсцена омраза и доминација врз други луѓе: мигранти , “соросовци”, педери, предавници, либерали, феминистки.

Таа “слобода” малиот фашизам ја стимулира со ставање на медиумите во  “dominance mode” со параноично ширење страв од исчезнување на машките, бели, хетеросексуални, вистински “наши” мали гадинки.

Политиката на малиот фашизам, како и секоја политика голу-доле, е базирана на организација на емоциите, е афектна политика. Но оваа, посебно нагласено, нема и не може да создаде кохеренција на идеолошки ставови или програма на развој и благосостојба на граѓанството. Таа е политика на контрадикции, раководење со конфузијата на кризата и систематска дезориентација, ширење дезинформации, матење во post-truth општеството. Во него, откога се утврдува дека вистина нема, победува оној кој повеќе лаже и има повеќе медиуми за тоа да го наметне. Со тоа се инструментализира во основа нихилистичка перпектива задскриена зад национално-идентитетска орнаментика.

Запомнете ја “класиката” за луѓето на фашизмот на Хана Арент: Фашизмот не се потпира на убедените нацисти или комунисти туку на луѓето кои повеќе не разликуваат лага од вистина, факти од илузии (Изворите на тоталитаризмот).

Сето ова се објаснува како што споменавме со политиката на афекти и се нарекува, кај некои извори fascist junk politics.

Каде се милите македонки/чиња во сево ова?

Тие во голема бројка наместо да го живеат животот гласаа за ДПМНЕ и повторно влегоа во нивното моронско реалити. Не можеш да си глуп, а потоа да се жалиш зошто си глуп! Тоа не чинеше сите национално и меѓународно изолирање и понижување, па внатрешни прогони, разнишување на меѓунационалните односи и општо осиромашување.

Условите на малиот фашизам ДПМНЕ во социјалната бранша ги исполни развивајки две колективни паранои: криза од неизвесна, сиромашна егзистенција која се префрлува на минатите владеечки гарнитури; и создавање “жртвен јарец” со пропаганда за опасност од гаснење и загроза на нашиот исконски македонски идентитет со инвазија и “силување” на Македонија од странците и нивните договори во кои ние само попуштаме и се губиме, завери на нашите предавници, малцинствата одвнатре, либерали, соросоиди, ЛГБТ+ и Транс луѓе, феминистки и сл!

Тој симулакрум на лагата и контролата со медиумите во post-truth општество израснува во клучна алатка за контрола и доминација.

Образованието кое е институционална моќ на подредување но и на еманципација, со кое се дисциплинира субјектот во поредокот, и низ кое Големиот друг на поредокот го субјективизира субјектот, неговото саморазбирање и односот кон “другиот” во случајов е ставено под патријахална , дискриминациска чизма, назад во темните зандани на традиционализмот.

Невладините се во подрумите и казаматите на исчезнувањето. Но владините ботови затоа се пуштени на најсилно со омразата кон сите кои не се власта.

Ни претстои драги мои, повторно рушење на авторитарната власт и нејзината/нашата фашистичка состојба на умот , ако Македонија воопшто сака и има енергија повеќе да преживее како држава и нација.

Текстот е сопственост на Либертас.мк

 

колумна Либертас Љубомир Фрчковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 22, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

ВЕСТИ April 22, 2026

Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии. Законот треба…

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.