Дваесет и седум годишниот Мустафа Ајридини и неговиот 56 годишен татко Алајдин Ајридини биле убиени од страна на Шукри Тахири на прагот на неговата куќа, информираат од МВР.
Таткото и синот заради претходна расправија со Шукри дошле до неговата куќа и започнале вербална расправија. Во тој момент тој со пиштол на прагот од куќата ги усмртил таткото и синот.
По извршеното убиство Шукри се вратил дома и земал со себе 2.300 евра и оружјето со кое ги убил таткото и синот и се пуштил во бегство.
Лицето кое го извршило убиството било забележано од страна на полицаец кој не бил на службена должност и почнал да го брка за потоа случајот да го пријави на мобилната полиција.
Полициските Алфи по давањето на отпор од страна на осомничениот за убиството, успеале да го совладаат и да го фатат во близина на Гинекологија Чаир, по што е приведен во полициската станица.




