Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Федерер: Не знам дали ова беше мојот последен Вимблдон

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 СПОРТ
Фото: rnz.co.nz
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Роџер Федерер беше видно разочаран на прес-конференцијата по четвртфиналниот натпревар со Хуберт Хуркач на Вимблдон. Швајцарецот им даде сериозни причини за загриженост на своите навивачи, велејќи дека е можно ова да е неговиот последен Вимблдон, и дека во наредните денови ќе донесе конечна одлука дали ќе учествува на Олимписките игри во Токио.

„Јас сум многу разочаран. На крајот од мечот се чувствував многу уморно и можев да заспијам дури и во моментот. Дадов се од себе на теренот. Последните 18 месеци беа многу долги и тешки за мене, коментира Федерер.

„Она што треба да го сторам сега е да анализирам што се случи и да го слушнам мислењето на луѓето од моето окружување. Треба да процениме дали моето учество тука е позитивно или не, како и да разговараме што ќе правиме понатаму. Во однос на денешниот натпревар, ветерот играше улога, но во исто време моето движење по теренот можеше да биде и подобро. Во овој поглед, сè уште не сум на нивото што сакам да бидам. Пробав сè и навистина сакав да постигнам нешто повеќе на турнирот, но очигледно тоа не беше можно “, додаде Федерер.

Освојувачот на 20 грен-слем титули е ставен на списокот на швајцарски спортисти за претстојните Олимписки игри, но рече дека се уште не одлучил дали ќе патува во Јапонија.

„Во следните неколку дена ќе размислувам за моето можно учество на Олимписките игри. Пред некое време реков дека ќе почекам до крајот на Вимблдон да ја донесам таа одлука, така што сè уште не знам. Во моментов не можам да кажам ништо повеќе. Прерано е да дадам изјава на оваа тема“, откри осумкратниот шампион на Вимблдон.

На прашањето дали размислува да се повлече од активната игра, тенискиот ас одговори: „Не. Треба само да направам пауза и да размислувам во перспектива. Морам внимателно да ја изберам следната голема цел, бидејќи планината се искачува чекор по чекор. Вие не можете само да скокнете на врвот. Во таа смисла, Вимблдон беше важен чекор напред. Сега треба да анализираме што успева, а што не, но и како се чувствувам физички и психолошки. Знаев дека ќе биде многу тешко за мене. Морам внимателно да размислувам и да планирам што претстои, но сигурно имам намера да продолжам да играм“, заклучи поранешниот број еден во светот.

Вимблдон Федерер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.