Италијанската влада официјално ја номинираше актуелната министерка за надворешни работи Федерика Могерини за позицијата Високиот претставник за надворешна политика и потпретседател на Европската комисија.
„Би сакал да ве информирам дека италијанската влада го номинираше актуелниот министер за надворешни работи за високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и потпретседател на Европската комисија“, напишал италијанскиот премиер Матео Ренци во писмо до кандидат за претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
На Самитот на ЕУ кон средината јули не беше постигнат договор за избор на новите официјални лиц на ЕУ, меѓу кои и висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика. Одлуката за тоа треба да биде донесена до 30 август за време на претстојниот вонреден самит на ЕУ.