Бошко Нацевски: Соседот, со кого си го имаме муабетот, утринава како на нишан, да не речам како на острец од јатаган ме дочека.
Вели, читам, слушам, гледам, и не може да се изначудам. Што новинари бевте, во што стока се сторивте. На луди функционерски глави, ловорики редите.
Министри, пратеници, криминалци, како елитни интелектуалци со ордени китите. Пред бизнис пробисвети, коленичите.
Кај ви е бре критичката мисла. Еснавскиот морал. За пари образ продадовте …
Си признавам, ме фати како глушец во стапица.
Го листам речникот низ мозокот, и барам збор за изговор.
Што да измислам, да не црвенеам.
Да не се срамувам.
Батиго Речникот, во стоте илјади никако да најдам збор за изговор.
Да ја одбранам мојата веќе пензионерска новинарска чест и авторитетот на журналистиката.
Само што исчекорив зад аголот, повторно ме пронижа гласот на соседот како огнена стрела – бриши, и ти си дел од од таа фела. Е сега не сум баш сигирен, рече дел од таа фела, или и ти си иста ѓукела.
Што и да речеше, не ќе згрешеше.
Не ќе ме налутеше. Граѓанинот е секогаш во право. Журнализмот го симнавме на ниски скалила. Го испоганивме.
Со апашите се братимиме без усул и мерки. Професијата ја обезвреднивме.
Не купуваат како овенети марули и скапани зелки.
Извор: Фејсбук



