НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФЕЉТОН (2) Македонија била важна алка во синџирот на производство и трговија со опиумот

0
By Ана Василевска on February 21, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Експанзијата на производството на канабисот (марихуаната) за медицински цели во Македонија последниве години, колку што ја детектира оваа дејност како естра-профитабилен бизнис, толку и покажува дека таа, повеќе од симболично, не е „без корен“.

Производството на канабисот за медицински цели нè навраќа во не толку далечната историја кога македонското поднебје не само што било препознаено како одлична почва за насади со афионот, од кој се добиваат опиумот и морфиумот, туку имало и водечко место на светската мапа на производството на овие опијати.

Кога се исчитуваат документите и хрониките поврзани со производството на афион, опиум и морфиум од разни архиви, тие се сè освен здодевно четиво какво што се очекува од депоата во кои се чуваат административните записи и преписки. Напротив, слободно можат да се оквалификуваат како материјал за стории, филмови и ТВ серии од трилер жанрот.

Како бил одгледуван афионот во Македонија?

Српскиот историчар Владан Јовановиќ во неговата студија за македонскиот опиум меѓу двете светски војни (Vladan Jovanović, „Makedonski opijum: o finansijskim i političkim razmerama fenomena 1918-1941“, Godišnjak za društvenu istoriju, XVI/3, Beograd 2009) го споменува фељтонот „Раните на Балканот“ на францускиот публицист Албер Лондр (Albert Londres) од 1931 година, кој бил објавен во влијателните париски весници, а превeден и во белградска „Политика“.

Лондр престојувал во Бугарија и ја истражувал политичката димензија на одгледувањето афион и производството на опиум, кои според него биле битен механизам во финансирањето на ВМРО.

На основа на достапните податоци, како што пишува Јовановиќ, пресметал дека производителите на опиумот во Повардарието меѓу двете светски војни задоволувале 43 отсто од побарувачката на легалната светска преработувачка индустрија.

Формирањето на турско-југословенската кооперација, пак, покривала дури 80 отсто од светските потреби. „Посебно ме интересираше политичкиот контекст во кој се одвивале производството и трговијата од такви размери, бидејќи се работело за најнеразвиеното подрачје на (тогашна) Југославија“, пишува Јовановиќ.

Благодарејќи на геолошките предиспозиции на македонската почва и специфичната клима, афионот на почетокот на 19. век станал перспективна дејност во која Османлиите гледале брзо економско придвижување на Македонија и зголемена рентабилност на турските поседи. Првиот афионот е засеан во 1835 година во околината на Штип, а анегдотите велат дека афионовото семе е донесено во цевка од пушка.

Како први одгледувачи на афион се споменуваат кочанскиот барјактар Абдул Хешан Халил и Али Симон Заде од Тиквешијата, детализира Јовановиќ.

Зборникот „Турско-југословенско централно опиумско биро (1931-1941)“ на Државниот архив на Република Македонија, пакк, објавен во 2017 година, е драгоцен извор на пишани сведоштва за растежот на производството на опиум во Македонија.

Речиси сите документи во Зборникот се од извори од институциите на Кралството Југославија (претходно Кралството на Србите, Хрватите и Словенците – СХС), напишани на српски јазик. Исклучок се само два документа (бр. 116 и 117), кои се писма напишани на англиски јазик. Во најголемиот број случаи станува збор за извештаи, преписи од извештаи или нивни копии. Исто така има шифрирани телеграми, известувања, барања, молби, инструкции итн.

Во нив се следи хронологијата на ограничувањето на производството на опиум и воведувањето контрола на прометот на опиумските деривати, кои почнале да се преземаат на почетокот на 20. век.

Обиди за регулирање на производството и пазарот

Прв меѓународен договор за контрола на наркотици бил Меѓународната опиумска конвенција, потпишана во Хаг на 23 јануари 1912 година. Имплементацијата на оваа прва меѓународна опиумска конвенција станала масовна дури по завршувањето на Првата светска војна, откако била вклучена како составен дел на Версајскиот мировен договор (1919 година). Наредната меѓународна спогодба поврзана со истото прашање била Женевската опиумска конвенција, која Кралството ја потпишало на 19 февруари 1925 година, а ја ратификувало на 4 септември 1929 година. Со оваа конвенција се настојувало да се воведе построг надзор и да се подобри меѓународната контрола на производството и трговијата на наркотици по пат на усвојување на систем на извозни и увозни дозволи за опиум.

Во меѓувоениот период Кралството на СХС, подоцна Кралството Југославија се наоѓало на петто место во светот според големината на производство на опиум. Поради тоа што културата на афион во Кралството се одгледувала единствено во вардарскиот дел на Македонија, овој дел од Македонија според производството на опиум во светски рамки се наоѓал зад Персија, Индија, Русија и Турција.

Кралството Југославија и Република Турција во периодот меѓу двете светски војни имале голем број сличности во однос на опиумското производство. Двете држави биле големи и значајни производители на опиум и припаѓале на Азиската опиумска зона односно биле дел на најголемиот светски производен центар на опиум, кој се протегал од Балканот до Манџурија. Во периодот од 1928 до 1930 година опиумот од овие две држави подмирувал над 80 отсто од светските потреби на опиум за фабрикување опијати.

Заедно со Кралството Југославија и Република Турција имала забелешки за некои одредби на меѓународните опиумски конвенции односно не била задоволна од начинот на кој овие договори се обидувале да го решат прашањето за опиумот во светот.

Документите најчесто биле испраќани помеѓу Министерството за надворешни работи на Кралството Југославија, Политичко и Конзуларно-стопанско одделение и Кралското претставништво во Анкара – Кралското претставништво во Цариград. Одреден дел од приложените документи се од Постојаната кралска делегација во Женева, кои биле испраќани до Министерството за надворешни работи и до Министерството за индустрија и трговија и обратно.

По формирањето на Турско-југословенското централно опиумско биро се зголемил бројот на извештаи што биле пишувани од делегатот на Кралската влада во Бирото, д-р Драгослав Михајловиќ. Сите овие извештаи во кои детално се информирало за текот на работата на Централното опиумско биро делегатот ги препраќал до повеќе министерства во Белград и до Кралското претставништво во Анкара, до Привилегираното акционерско друштво за извоз на земјоделски производи, Белград, до Министерството за трговија и индустрија, Канцеларија за опиум, до Министерството за надворешни работи, Политичко одделение.

Јовановиќ во неговата студија вели до 1928 година фармацевските фабрики во САД беа 16-тата најпрофитабилна гранка на индустријата, а во „златната ера“ на фармацевстката индустрија (1930-1960) достигна и го држеше првото место, истакнувајќи дека меѓу основачите на фармацевтските фабрики ширум Северна Америка доминирале германски имигрантски семејства.

Морфиумот беше официјално издвоен од опиумот и беше патентиран во бранот на германскиот научен ентузијазам од крајот на 18 век, во хемиската работилница „Мерк“ во Дармштат, а диацетилморфинот стана заштитен знак на Баер, кој извесно време се продаваше како лек за кашлица и туберкулоза под брендот „хероин“, наведува авторот.

Побарувачката за наркотици во тоа време беше многу голема, а во САД не „успева“ афионот.

Според извештајот во 1931 година на началникот на Федералниот оддел за наркотици, Хари Ј. Анслингер, во Соединетите држави имало приближно 140,000 зависници, а слободните процени одеа до милион зависници. Неконтролираната обработка на опиумот била забележана и во Њујорк, каде што се произведуваа 8,4 тони хероин месечно во раните 1920-ти.

БОНУС ВИДЕО: Историјата на опиумот

(Продолжува)

Подготвил: С.С.

Извор Рацин.мк

балкан Трговија со опиум Фељтон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.