Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фемицидот и државата

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2020 19:50

Автор: Гала Насева

-Медуза

Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.

Освен што значително ги разниша столбовите на економијата и меѓународните односи, пандемијата КОВИД-19 успешно продре до најранливите општествени категории и повторно отвори безброј дебати за суровото македонско секојдневие, потсетувајќи нѐ дека безбедноста на жените е само привидна.

Само во мај, 2020 година, за време на вонредната состојба во Македонија, беа регистрирани 2 фемициди во рок од две недели. Во периодот по објавувањето на двете убиства, забележани се реакции од страна на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, Хелсиншкиот Комитет за човекови права и други организации. Сепак, релевантните институции како и по обичај ги премолчеа настаните.

Навременото, адекватно и ефектно транспонирање на легислативата на Европската Унија, како и ратификувањето на меѓународните правни акти и правилната имплементација на истите е обврска на секоја држава која се стреми на подобрување и зајакнување на систематизираните правни норми, но и на целокупниот квалитет на животот на граѓаните.

Очигледно, забележан е позитивен напредок во транспарентното усогласување на домашните правни акти со меѓународните, но само во конкретни сфери. Кога се работи за родовите прашања, односно еднаквиот пристап и дискриминацијата врз основ на родовиот идентитет, наеднаш државните тела снемуваат капацитет и експертиза.

Веќе со години бесрамно се пролонгира унапредувањето на домашната легислатива во поглед на горенаведените прашања, особено земајќи ја предвид веќе ратификуваната Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска Конвенција) , како и Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените.

Со самото ратификување на Истанбулската конвенција, државата за момент покажа знаци на освестување од долгогодишниот сон во којшто мизогините политики беа нашето секојдневие. Притоа, беше очекувано дека следниот потег би бил почитување на законските обврски за соодветно имплементирање на конвенцијата во целост, а со тоа и овозможување на ефикасни начини на спречување на стапката на психичко и физичко насилство врз жените.

За жал, до ден денес, напредокот е скоро невидлив, а родово заснованото насилство сѐ подлабоко се вкоренува во секоја општествена сфера. Годините минуваат брзо, бројот на жртвите расте, а институциите упорно одбиваат соодветно да го препознаат фемицидот како кривично дело.

Институционалниот отпор и изборот на одлучувачките тела да го игнорираат овој проблем и конечно да го препознаат фемицидот како кривично дело ни дозволува да констатираме дека убиствата на жените само врз основ на тоа што се жени, очигледно не претставуваат приоритет во оваа држава.
И покрај сериозноста на самото дело, кое всушност ја претставува најтешката форма на насилство на којашто една жена може да биде изложена, истото ниту е сфатено сериозно, ниту пак претставува приоритет. Оттаму, лесно е да констатираме дека ако безгласните државни тела веќе меѓусебно си решиле дека фемицидот не заслужува да биде ставен на нивната приоритетна листа, ниедно од останатите родови прашања нема нешто особено да ги заинтригира.

Ако убиството не се сфати сериозно, дали воопшто ќе се обрне внимание на психичкото насилство или пак на секојдневното вознемирување од страна на партнерот? Нормализирањето на овие чинови ја продлабочува структурната дискриминација, ги одобрува и прифаќа традициите и стереотипите и не дозволува да продолжи природниот развој на државата којашто никако не успева да избега од трулите стеги на патријархатот. Не е нималку чудно што ратификувањето на конвенциите и имплементирањето на меѓународните правни акти немаат некое особено значење за нашата правна рамка – тие постојат само да ни ја покажат привидната слика на суровата реалност којашто ни ја сервираат лица кои имаат моќ, но немаат ниту грам елан и желба за подобрување на животот на безброј жени – жртви на долгогодишно психичко и физичко насилство.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.