ФЕНИ Индустри до овој момент воопшто нема добиено никаква тужба од Урбан Инвест преку
Основниот Суд во Велес, се вели во денешниот демант од Службата за односи со јавноста од ФЕНИ Индустри.
Како што велат од таму станува збор за дезинформации и обид за вршење на притисок врз ФЕНИ
„Интересна е што Урбан Инвест е во соседството на ФЕНИ веќе со години наназад и се додека Урбан Инвест му продаваше варовник на ФЕНИ, немаше никакви поплаки. Откако пред неколку месеци Урбан Инвест си го предаде каменоломот, одеднаш ФЕНИ почна да им пречи и загадува. Впрочем нивната наводна тужба е неоснована колку што е неосновано да се тужи целото население во Кавадарци зашто постојано наносуваат земја на патиштата со своите трактори, од лозјата што ги одгледуваат“ велат од Службата за односи со јавноста од ФЕНИ Индустри.
НОВА во неделата ја објави веста „ФЕНИ индустри загадува – Урбан инвест ја доби тужбата“, која беше преземена од порталот Фактор.