Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фени почнува со работа, склучен договор со GSOL

0
By Нова ТВ on February 2, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кавадаречки Фени Индустри ад – во стечај ќе почне со работа откако Одборот на доверители донесе одлука за склучување договор за преработка на никелова руда на овој комбинат со единствениот понудувач друштвото GSOL, за минимален месечен надомест од 1.200.000 евра, соопшти денеска Одборот на доверители на Фени индустри ад – во стечај.

Одлуката на Одборот на доверители е едногласно донесена на седница  одржана на 30 минатиот месец. При донесување на одлуката, како што соопштуваат, воделе сметка за заштита на интересите на доверителите и на вработените во комбинатот согласно Законот за стечај.Ова, посочуваат, посебно се однесува на потребата  производствените капацитети што се во сопственост на стечајниот должник и кои влегуваат во стечајната маса, да бидат заштитени од натамошно пропаѓање и намалување на нивната вредност. Нивно ставање во целосна функција ќе создаде услови  доверителите  да ги наплатат своите побарувања во повисок процент, што е и основната цел на колективното намирување на доверителите во стечајната постапка, наведуваат од Одборот на доверители.

Дополнуваат дека склучувањето на договорот е од исклучителна важност и за вработените кои ќе бидат работно ангажирани, но воедно ќе се спречи (или избегне) дополнително оптоварување на стечајната маса со трошоци на постапка.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев неодамна изјави оти се очекува комбинатот Фени индустри месецов да почне со работа.  Една компанија, како што информираше, веќе има уплатено депозит и се преговара како ќе стартува комбинатот.

Откако Апелацискиот суд во Скопје  ја отфрли жалбата на компанијата „Кунико ресорсис“ за стечајот во кавадаречкиот комбинат, остана во сила одлуката на велешкиот суд дека фабриката е во стечај.

На седми февруари треба да се одржи испитно рочиште за финансиско -материјалната состојба и извештајно Собрание на доверители.

ГСОЛ Одбор на доверители работа стечај Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.