Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фершпед: Штерјо Наков останува во Надзорниот одбор, но не и Кираца Трајковска

0
By Нова ТВ on January 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 10, 2014 13:41

Мнозинството акционери на Фершпед повторно му изгласа доверба на Штерјо Наков и тој останува во Надзорниот одбор на Фершпед, но затоа пак неговата довчерашна десна рака Кираца Трајковска, потпретседателката на Надзорниот одбор е отповикана со мнозинство гласови, потврдија за НОВА високи извори од оваа компанија.

Кираца Трајковска, на 28 декември за НОВА го образложи соопштението на Македонска берза, каде се информираше дека биле продадени нејзините акции- Останувам во Фершпед, а ги продадов своите акции на Друштвотото за инвестирање и консалтинг “Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ” Скопје, како мој влог и заложени како позајмица во моја фирма, каде имам и уште двајца содружници, изјави Трајковска.

Во соопштението на Берза стоеше информацијата:

-Согласно член 38, точка 1 од правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Фершпед АД Скопје известува дека друштвото за инвестирање и консалтинг Консалтинг инвестментс син ДООЕЛ Скопје се стекна со 2.155 обични акции, односно 11,90 % од основната главнина на друштвото.

Последните денови, битката за тронот во Фершпед ја зголеми цената на акциите на оваа компанија на Берзата.

На долгогодишното партнерство меѓу двата мнозински акционери Штерјо Наков и Кираца Трајковска беше ставен крај откако Трајковска на први декември за НОВА го образложи својот потег- зошто со соопштение ја информираше и алармираше јавноста за, како што таа вели, незаконското работење на првиот човек на Ферпед, Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, како и претседателот на Управен одбор, Иван Петровски.

-Главната намера и целта на Накови е да се обезвредни фирмата, односно акциите и со тоа да станат доминантни, мнозински акционери семејството Накови- со таа цел именуваа неспособни, неквалификувани работници.

Методата е на акционерите да се бараат бланко потписи за гласањето на Вонредното собрание , и со тоа да добијат полномошни застапувања од останатите акционери, преку одредени луѓе на фирмата, за да се овозможи Накови да одлучуваат за управувачката структура.

Разочарана сум од однесувањето на Штерјо Наков- да ме елиминира од тековното работење и да наметне самоволие, тортура врз вработените, незаконско намалување на платите и неефикасно работење, кое финансиски го трпи фирмата и вработените. Разочарана сум што ме омаловажува Штерјо Наков, што ме игнорира мене, која сум дел од врвот во фирмата со цел да ме оддалечи од тековното работење.

Оваа војна која е објавена не само кон неа туку и кон другите акционери, резултирала со полициска интервенција.

Трајковска ги пријавила во полиција- Штерјо Наков и неговиот син Драган Наков, како и претседателот на Надзорен одбор, Иван Петровски, откако обезбедувањето не и дозволило да влезе во Фершед.

-Ги пријавив тројцата во полиција, дадов изјава дека со нивна наредба мене не ми беше дозволено да влезам во фирмата која ја создававме со години.

Нејзиниот следен чекор го образложи со овие зборови-да ги охрабри акционерите да дојдат самостојно, без притисоци и тортура да гласаат и да одлучат за својата судбина и верува дека тие се на нејзина страна, на страна на правдата.

-Јас сум со вработените и акционерите со години во фирмата- чувствувам дека тие мене ме почитуваат, нема стравопочит, туку взаемна лојалност и почитување, изјави тогаш Трајковска за НОВА.

Застапникот на странскиот фонд Квест Инвестмент пак, обвини дека дел од мнозинските акционери со пари од брокерската куќа „Фершпед Брокер“ купувале акции во „Фершпед“, без да ги платат и дека се давани милионски позајмици кои не се вратени.

Наков ги отфрли обвинувањата како неосновани и изјави дека компанијата работи законски, дека не давале никакви позајмици, а не се вршел ниту притисок врз акционерите.

Фершпед работи законски, тоа се гледа и од успешноста на компанијата. Не е точно дека сме давале такви позајмици, не е точно дека сме вршеле притисок врз акционерите за потпишување на бланко полномошна, изјави Наков.

Според податоците, Штерјо Наков заедно со неговите синови поседува 25 % од акциите во Фершпед, Кираца Трајковска 10,63 %, Драгослав Димевски 5%, а странските инвеститори што ги застапува адвокатот Гушев близу 2,8% од акциите. Останатиот капитал го поседуваат многубројни други акционери.

Ова е епилогот од вонредната седница на акционерското собрание во Охрид на која Надзорниот одбор ќе го избере претседателот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.