Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фестивал АКТО во Штип, богат избор на содржини за сечиј вкус

0
By Нова ТВ on October 22, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вчера во Штип започна третата фаза од Фестивалот за современи уметности АКТО. Во присуство на медиумски претставници, работници во текстилната и кожарската индустрија, како и останати заинтересирани граѓани, фестивалската програма во Штип започна со сликање на панели во рамките на изложбата „Колективна одлука – уметноста и работата.

“ Овој процес се одвива во КУЦ „Текстил“; а во него учествуваат десетици студенти од Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во соработка со професорката Јана Јакимовска.

Во текот на денот, Фестивалот постави свои содржини во неколку кафулиња во центарот на Штип. Имено, DJ Pete, DJ LUQ, DJ Vac и DJ Ninno Mancini имаа свои настапи во кафулињата Карма, Арт, Конект и Даблин.

unnamed-2

Како дел од програмата на АКТО беше и работилницата „Човековите права на текстилните работници“ водена од Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права на РМ. На работилницата учестваа голем број работнички од текстилните фабрики во Штип и околните градови, кои разговараа за проблемите со коишто се соочуваат на нивните работни места. Се дискутираше за тоа што може да се направи за на текстилните работници и работнички им биде обезбедена благосостојба, соодветни услови за работа, како и соодветна плата за нивниот труд.

unnamed-1

Салата на Народен театар Штип беше преполна со гледачи за претставата „Будење на пролетта“ во режија на Софија Ристевска, а во којашто, покрај режисерката, настапуваат и Стефанија Милевска и Здравко Стојмиров. Во оваа претстава се разгледуваат проблемите на жената во нашето општество, како сегрегацијата и етикетирањето врз различни основи. Публиката со особено задоволство ја проследи претставата во која прецизно е насликана нетрпеливоста помеѓу силната жена и сексистички настроената средина. Присутните ја наградија актерската екипа со громогласен аплауз.

Првиот ден програмата на АКТО беше заокружена со настапи на диџеите Трајкофф и Дејан Декс во кафулето Арт. Програмата на АКТО продолжува и денес во Штип, почнувајќи во десет часот со работилница за деца, во соработка со Христијан Томаноски од ИНКА, Дримон Фестивал и Кристина Ампева од ГЛАСНО од Штип.

Во текот на целиот ден, во просториите на КУЦ „Текстил“ ќе има еднодневен саем на книги од издавачите Темплум, Антолог, Или-или, Готен, изданија на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Во 13ч. во КУЦ „Текстил“ ќе започне јавна дискусија на тема „Уметност за промени – Одговорноста на уметникот во време на политичка и општествена криза.“

Акто фестивал Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.