Published: Wednesday, June 4, 2014 08:09
Земјите кандидатки за пристапување кон ЕУ треба да ја докажат својата посветеност со „сигурни реформи“, изјави еврокомесарот. Според него, преговорите за членство во ЕУ не се состојат само од штиклирање на квадрати. „Треба да се дадат докази“, изјави Филе. „Не зборувам само за реформи, туку за сигурни реформи, кои ќе им бидат од корист на луѓето во текот на целиот процес на приклучување, а не само на крајот“, истакна Филе.
Филе подвлече дека Европската унија, со 28-те земји-членки и повеќе од 500 милиони граѓани станала најуспешниот мировен проект, но дека тој не е завршен, иако постојат сомнежи за подготвеноста на новите кандидати, јави Дојче веле.




