„Со оглед на актуелниот политички ќорсокак во кој се најде Македонија сметам дека мојата посета за да се раговара за подготовките на пролетниот извештај е несоодветна“, се вели во официјалниот став на комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Соопштувајќи дека ја откажува свијата посета на Скопје Филе вели:

-Фрустриран сум заради отсуството на напредок во процесот за изнаоѓање на решение за политичката криза, вели Филе.

-Сега е императив политичките лидери во Скопје да ја превземат одговорноста и да најдат решение. Да демострираат зрелост на демократските институции и да ги истакнат интересите на држата и граѓаните, соопштува Филе.