Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе денеска во Њујорк ќе се сретне со посредникот на Обединетите нации за грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц.
Филе има намера на средбата со Нимиц да се увери дали има изгледи за решавање на спорот за името.
Синоќа во Њујорк на оваа тема се одржа средба и меѓу генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун и вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос на која се соговорниците размениле мислења.
Според кусото соопштение од кабинетот на Бан, спорот за името бил водечка тема на разговорите.
„Соговорниците разменија мислења за перспективите за решавање на спорот за името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија, вклучително и исходите од неодамнешната посета на личниот пратеник на генералниот секретар, Метју Нимиц“, пишува во соопштението.
Спорот со името ќе се најде на дневен ред и на Собранието на Обединетите нации во Њујорк, на која ќе присуствуваат и премиерот Груевски и министерот за надворешни Поповски.
Поповски пред заминува рече дека и покрај тоа што не е предвидена средба со Венизелос, тој ќе го покани да се видат и да разговараат за спорот околу името.




