Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филе ќе дојде на самитот во Охрид, од Папуљас нема одговор

0
By Нова ТВ on May 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комесарот за проширување при Европската унија, Штефан Филе, на 1 јуни ќе допатува во Македонија за да учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) кој ќе се одржи во Охрид, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Од кабинетот на еврокомесарот велат дека сѐ уште не е донесена конечна одлука, но потенцираат дека овој настан е на агендата на првиот човек за проширување на Унијата, само се чека конечна потврда. Oд тимот на Филе веќе ги известиле организаторите и македонскиот државен врв дека тој доаѓа да присуствува на овој настан.

Според најавите, во текот на престојот Филе би остварил и билатерални средби со државниот врв, а со цел последни консултации и давање на насоки за продолжување во остварувањето на реформите пред Самитот на Европскиот совет закажан за 27 јуни во Брисел, на кој земјите-членки ќе одлучуваат за доделување на датум за почеток на пристапните преговори со Македонија, јавува Агенцијата. Во веста не се вели дали се очекуваат и средби со лидерите на опозицијата, но тоа секогаш досега било пракса при посетите на Штефан Филе.

Од Кабинетот на Претседателот Ѓорге Иванов, претходно информираа дека досега, на овој настан присуството го потврдиле и се очекува да учествуваат претседателите на Албанија – Бујар Нишани, на Бугарија – Росен Плевнелиев, на Хрватска – Иво Јосиповиќ, на Молдавија – Николае Тимофти, на Црна Гора – Филип Вујановиќ, на Романија – Трајан Басеску, на Србија – Томислав Николиќ и на Словенија – Борут Пахор, како и претседавачот со претседателството на БиХ, Небојша Радмановиќ и министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу.

Од непознати причини учеството го откажал претседателот на Грција, Каролос Папуљас, а Прес-службата на грчкиот претседател, на прашањето на државната МИА зошто Папуљас нема да дојде во Охрид, добиле одговор дека сè уште нема официјален одговор на поканата. Иванов уште во ноември минатата година му испратил писмо со покана на Папуљас за учество на Самитот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.