„И покрај политичката криза реформите во Македонија продолжија односно дијалогот на високо ниво остана прв на агенадата, истакна Филе. Македонија по петти пат ќе добие предлог од комисијата- потребно е ефективно имплементирање на препораките во сферата на владеење на правото и борбата против организираниот криминал“.
Тој истакна дека слободата на изразување останува загрижувачко прашање.
„ЕК предлага отпочнување на преговорите по петти пат но, од Советот до денес нема одлука за тоа. Неуспешноста да се делува по тоа прашање ризикува да ги загрози реформите на Македонија, како и кредибилитетот на нашата политика кога е во прашање проширувањето“, потенцираше Филе.
Тој истакна дека ЕК бара почеток на преговорите без одложување но, да се земе во предвид решавање на проблемот со името во раните фази од преговорите. Според Филе Комисијата смета дека дискусијата во Советот ќе придонесе да се создаде атмосфера да се најде решение за името.




