Статус кво состојбата за Македонија има цена Скопје да се посвети на разгледување на цената кога не би се постигнал договор за името, истакна пред малку Филе презентирајќи го извештајот за напредокот на Македонија.
Филе напомена дека Скопје треба да придонесе во креирањето на состојба за решавање на ова прашање.
На прес-конференцијата еврокомесарот напомена дека Комисија по петти пат ќе достави препорака до Советот. Тој изрази надеж дека земјите – членки овој пат сериозно ќе го разгледаат извештајот.
„Мора да се движиме напред, времето не гази, граѓаните губат време. Мартовскиот договор и негова имплементација е нешто што ме охрабрува, значи има излез и има политичка воља“, рече Филе. Тој загрижено говореше за настаните на 24 декември минатата година.
Потребен е дијалог на ЗНМ, рече Филе, Владата да преземе конструктивен дијалог со новонарите.
„Не би сакал по шетти пат да се најдеме следната година тука и да препорачаме преговори“, истакна тој.




