Еврокомесарот за проширување Штефан Филе утре во Њујорк ќе сретне со шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан, меѓу кои е македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски.
На средбите со министрите за надворешни работи од балканските земји се очекува да стане збор за пристапниот процес кон Европската унија, како и за извештаите што Европската комисија ги подготвува за напредокот на овие земји, кои ќе бидат објавени кон средината на идниот месец.
Средбата се одржува во пресрет на претстојниот извештај што Европската комисија на 16-ти октомври.
Престојот на комесарот и министрите во Њујорк се совпаѓа со одржувањето на Генералното собрание на Обединетите нации.
Филе во понеделникот имаше и средба со посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, а на Попоски ќе му ги пренесе и импресиите од оваа средба, која од неговиот кабинет беше опишана како „дел од редовните работни контакти на еврокомесарот”.




