„И покрај политичката криза реформите во Македонија продолжија односно дијалогот на високо ниво стана прв на агенадата, истакна Филе. Македонија по петти пат ќе добие предлог од комисијата- потребно е ефективно имплементирање на препораките во сферата на владеење на правото, слободата на изразување и борбата против корупцијата“.
Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, денеска ги соопштува годишните извештаи за прогресот на земјите кои се аспиранти за влез во Европската Унија.
По неговото обраќа пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент ќе одржи прес-конференција во Европската Комисија, во 14:30 часот. Извештајот за напредокот на Македонија на следниов линк.
Во пресрет на донесувањето на т.н. Пакет за проширување, комесарот Филе изјави:
„Дозволете ми на кратко да кажам што овогодинешниот извештај на Комисијата ќе донесе. Ќе се однесува на 4 точки: Прво, ќе се зборува за Хрватска како 28-ма членка; ќе се зборува околу трансформативната моќ на проширувањето, затоа ја добивме Нобеловата награда за мир; ќе стане збор и за фактот дека проширувањето продолжува и покрај финансиската криза, но продолжува не затоа што тоа ќе биде автоматски, туку затоа што тоа е веродостојна политика, политика која придружува друга важна политика на ЕУ – продлабочување на интеграцијата; Годинава ќе има ново мото на извештајот за напредокот: Фундаменталноста прва. Што е фундаменталност? Владеењето на правото, борбата против корупцијата, но, исто така и економските прашања, конкурентноста. И последната точка, која ќе биде подвлечена, како и минатата година – Европската комисија останува најдобар пријател и поддржувач на земјите кандидати и аспиранти на нивниот многу важен пат да станат полноправна членка на Европската унија“ изјави Филе.



