Филип Рикер, заменик-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања е добитник на престижната награда Роберт Фрејзер за 2013 година.
Поранешниот амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер оваа награда ја добива како признание за неговата долгогодишна посветеност на мирот како и за неговите напори во надминување на човечите страдања предизвикани од војни или граѓански неправди. Филип Рикер во американската дипломатија особено е забалежан со неговите дипломатски активности за постигање мир и помирување на Балканот.
Филип Рикер во Македонија е запаметен како еден од амбасадорите кој вложи извонредни напори во надминувањето бројни полтички предизвици, афирмацијата на човековите права и слободи, демокрстките вредности и економската промоција на Македонија во САД.
Ова високо дипломатско признание на Филип Рикер денска му го додели државниот секретар на САД, Џон Кери.
Инаку наградата се доделува во чест и спомен на долгогодишниот амбасадор на САД кој загина на планината Игман во Босна на 19 август 1995 година и кој остана запаметен по извонредните залагања за надминување на крвавиот конфликт во оваа поранешна југословенска република.




