Околу 200 луѓе кои синоќа беа заглавени на унгаско -српската граница се на пат за Македонија со организиран превоз и се очекуваат преку граничниот премин Деве Баир. Тие работеле во ризичните региони во Италија и дел во Австрија. Сите ќе бидат сместени во касарната во Пепелиште во групна изолација, соопшти министерот Венко Филипче.
„Тие ќе одат во групен карантин во касарната во Пепелиште, каде ќе имаат лекарски тим, ќе им биде направена проверка, ќе биде обезбедена храна и се што е потребно, изјави министерот Филипче на денешната прес конференција.
Вкупно 26 заболени се регистрирани во државата до денеска. Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контролни тестови, кои го потврдија претходниот резултат. Од сите 26 заболени, 17 се наоѓаат на лекување Инфективната клиника во Скопје, другите се во Дебар. Состојбата на сите пациенти е стабилна
Едниот пациент пациент од новодијагнистицираните е од Скопје имал симптоми цела недела, во момнтот се мапираат неговите контактите. Тој имал гости од Србија тие се заболени, во моментот се прават контактите со тие луѓе и ќе ги известиме и здравствените власти во Србија. Семејството сопружници престојувале во Бугарија до пред неколку дена, имале сипмтоми и отишле да се тестираат во приватната болница Жан Митрев исто така, информира министерот за здравство Венко Филипче.
„Сопружниците се на домашно лекување, попладне ќе бидат однесени на Инфективната клиникак, првиот пациент е веќе хоспитализиран. Патувале во Бугарија биле на домашно лекување, тоа се податоци на епидемиолозите и саминицијативно правеле тестови во приватната болница. Биле изолирани. Се работи на лоцирање на контактите на членовите на семејство на првиот пациент од вчера и тоа се тие 6 тестови од кои ги чекаме резултатите“, рече Филипче.
За патничката која е дојдена од Холадија, а беше регистрирана вчера, тој информира дека интервуата со патниците се прават, а имале и контакт и со Австриската амбасада. Прогнозите како ќе се одвива состојбата со коронавирусот, според Филипче за во нашата држава не можат да се предвидат, но според него бројот ќе продолжи да се зголемува.
„Тешко е да се предвиди пикот, можно е според мои проценки, не ме држете за збор, бројот на заболени да досигне до 2000, а пикот да биде за еден месец од сега“ рече Филипче.
Филипче потенцира дека Инфективна клиника е подготвена да прими уште пациенти, првиот спрат уште не е исполнет и вториот е подготвен да прими нови случаи, секаде може да се стават респиратори каде што можат да се приклучат.
Тој рече дека контактирале со Кинеската амбасада и дека наскоро ќе имаат инфомации за донација со маски, респиратори и друг медицински материјал.
Во разговор со градоначалникот Шилегов е договорено да се зголеми бројот на градските автобуси поради динамиката на патници за да не патуваат по поголеми група.
Епидемија е во силен ек, секоја епидемија има врв, односно пик. Очекувано е да бројот на заболени с е зголемува. Затоа е најважно да се спречи локалната трасмисија за да застанеме на патот на ширењето. Филипче упати апел до гараѓаните:
„Не се собирајте, останете дома, ограничете го движењето, не контактирајте со луѓето, држете дистанца, одржувајте лична хигиена миење на рацете 20 до 30 секунди. Сериозно да пристапиме, ова не е шега,. Единствен начин е да се однесуваме одговорно. Мерките ќе ги заоструваме. Нека седат дома децата, хроничните болни. Мора да го заштитиме нашиот здравстен систем заразата се шири и таму, важно е да немаме остар пик. Подготвени сме со опрема кадар. Скаме да ги заштитиме и здравстените работници, тие се столбот на овој здравствениот систем тие се главните даватели на услуги“, рече Филипче.
Тој нагласи дека во Центар Жупа уште нема нови случаи симптоми, но тоа се места каде што се прави поинтензивен скрининг да се види на колкава бројка ќе се прави анализа на контактите.
„Ниту еден од тие што се во изолација нема симптоми, потоа на крај ќе бидат сите тестирани“, рече Филипче.
Тој нагласи дека има доволно маски над 20 000 и дека ќе се набават повеќе. Зборуваме и со домашните производители за средства за дезинфекција ќе има во секое време, рече Филипче.




