Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

0
By Zoran Ivanov on October 15, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција говорејќи за економските индикатори, изјави дека состојбата со буџетот е алармантна и оти до крајот на 2025 година според статистичките бројки во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра.

Се наоѓаме на само 75 дена пред крајот на 2025 година, а буџетската рамка, која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика. Имено до денеска, приходите се реализирани со 70,78 отсто или 256,5 милијарди денари. Во исто време, расходите се на ниво од 72,82 отсто, односно речиси 294 милијарди денари. Ова значи дека со вакво темпо, а тоа е за очекување, на крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра за да се покријат сите трошоци. Тоа е фрапантна буџетска дупка. Ова значи дека сите овие пари ќе треба да се покриваат со задолжување, со нови оптоварувања за бизнисите и граѓаните или со кратења кај најважните јавни услуги. Ја прашувам власта, што планира да прави и како ќе ги покрива овие 1,4 милијарди евра?“, рече Филипче.

Според него, економската состојба во државата е алармантна, поради што, како што рече, чувствува должност и загриженост да ја објави вистината пред граѓаните наспроти пораките за економски „успеси“, кои власта ги зборува на митинг.

Во време кога премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за економски „успеси“, должност ми е да зборувам за реалноста и да ги информирам граѓаните за реалната економска состојба. Во изминатите 15 месеци постојано алармиравме дека економијата и економските политики на оваа власт се многу погрешни, а реализацијата на проектите е историски најслаба. Денес тоа што го зборувавме го потврдуваме со реални економски индикатори, факти и бројки. Овие податоци укажуваат на алармантна состојба со буџетот, со приходите, со инвестициите и реализацијата на капиталните инвестиции, како основни индикатори за економската состојба во државата, рече Филипче на денешната прес конференција.

Тој кажа дека огромна загриженост предизвикува драматично ниската реализација на капитални инвестиции.

Би рекол историски најниска реализација. Заклучно со септември, реализирани се само 43,78 отсто од предвидените средства, или 20,7 милијарди денари. Тоа значи дека оваа ќе биде уште една изгубена година за капитални проекти. Проекциите покажуваат дека до крајот на годината ќе имаме некаде околу само 55 отсто реализација. Тоа значи дека пари што требало да отворат работни места, да донесат развој, ќе останат неискористени. Овие бројки покажуваат дека оваа Влада нема капацитет да ги реализира ниту сопствените планови и проекти, она што самите се обврзале да го направат, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ посочи дека загрижувачките сигнали доаѓаат и од меѓународните институции.

Светската банка отворено укажува на слабата наплата на приходи, зголемените трошоци за камати и растечкиот јавен долг. Јасно повикува на фискална консолидација – односно со други зборови – престанете со непродуктивното трошење и заемите без покритие. Но Владата продолжува по истата траекторија. Ако навистина сакаме да ја разбереме состојбата, мораме да ја погледнеме сликата за јавниот долг. Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра – една милијарда од Унгарија, 836 милиони преку аукции на домашни хартии од вредност. Во најава се нови 950 милиони евра надворешно задолжување и 70 милиони од домашни банки. Светската банка веќе проектира дека јавниот долг ќе достигне 62,9 отсто од БДП – што не прави најзадолжена земја на Западен Балкан. Ние сме исто така единствена земја во која актуелниот долг го надминува предпандемискиот пик. И покрај сето ова, Владата упорно повторува дека долгот е 61,7 отсто, изјави Филипче.

Тој додаде дека Фискалниот совет предупредува на приближно 700 милиони евра доспеани, а неплатени обврски и додаде дека тоа е скриен долг што директно ја уништува ликвидноста на македонските компании.

И додека долговите се трупаат, странските инвестиции – моторот на секоја здрава економија – исчезнуваат. Во 2024 година, Владата што ја предводеше СДСМ остави повеќе од една милијарда евра странски директни инвестиции. А што имаме во 2025? Во првиот квартал – 135,8 милиони евра. Во вториот – само 75,9 милиони евра. Премиерот, кој неодамна влезе во еуфорија со најави за милијарди, сега молчи. А токму тоа молчење е најгласниот доказ за економскиот пад, изјави Филипче.

Тој се осврна и на инфлацијата, при што рече дека реалната годишна инфлација е околу четири отсто.

И таа се чувствува секој ден, имаме најскап живот од сите држави во регионот. Затоа, денес, тука, пред вас, го поставувам наједноставното, но најважно прашање за оваа власт: каде е планот? Како Владата планира да ја покрие буџетската дупка од 1,4 милијарди евра до крајот на годината? Каде се капиталните проекти што беа најавувани? Каде е стратегијата за наплата на приходите, за стабилност, за инвестиции? Почитувани, Економијата не се води со лажни бројки и ПР. Се води со одговорност кон секој денар со сериозна стратегија, со стабилност и со план. Ништо од тоа не гледаме од оваа Влада. Ако не постои јасна стратегија, ако реалноста се прикрива со лажни индикатори, тоа јасно укажува дека на среден и долг рок оваа власт ќе го столчи и стандардот и економскиот развој, изјави Филипче.

 

буџет дупка економија Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.