Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Епидемијата го достигна пикот минатата недела – бројот на активни случаи се стабилизира

0
By Нова ТВ on November 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Епидемијата го достигна пикот минатата недела, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Според него, од тогаш бројките се намалуваат и се стабилизираат. Имено на 17 ноември е забележан најголем процент на заболени од тестирани  41,2 отсто кога има и најмногу новозаразени 1.407 и од тогаш бројките паѓаат.

– Расте бројот на оздравени. Евидентираме високи бројки на оздравени а бројот на оздравени е зголемен за 45 проценти минатата недела во однос на претходната – рече Филипче..

Со тоа, здравствениот систем не е под толкав притисок, а во меѓувреме се овозможија капацитети, кревети и персонал за сите кои се во болница.

– Во внатрешноста близу 1.000 легла има на располагање во трите регионални центри Битола, Тетово, Штип. Во Скопје интензивно работевме на проширување на интерните клиники и обезбедивме околу 200 кревети. Последно на ОРЛ каде нема пациенти, но може да се примат. Дополнително 160 кревети во модуларните болници и 40 во болницата во Козле – вели Филипче.

Мобилизиран е целокупниот кадар од сите одделнија, а за тимовите одговорини се пулмолози и анестезиолози.

Помагаат и младите лекари кои се лиценцирани, а им заврши праксата, па Филипче најави дека сега ќе бидат вработени.

За матичните лекари, во однос на начин и третман на пациентите, Филипче вели дека матичниот е прв кој прави проценка, индицира одредени анализи и препишува терапија. Нема специфична терапија никаде во светот. Фарипиравирот е лек за кој се водат триесет студии во светот, а ремдесивирот влијае на скратување на времето поминато во болница, не на смртноста, додава Филипче.

– Ако има потреба пациентите се упатуваат во болница. Се уште има слободни кревети. Има заштитна опрема близу 1,5 милиони парчиња. Денеска ја почнуваме набавката на брзи тестови за што пари се обезбедија со ребалансот на буџетот – рече Филипче, и додаде дека досега се обезбедени 33.000 брзи тестови.

Појасни дека координација меѓу директорите во Скопје и со останатите директори низ републиката оди добро. Признава дека се случува да дојде пациент ненајавен, да има нервоза, но тоа се надминува.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.