НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Граѓаните да не прават залихи, го имаме и новиот лек што дава резултати

0
By Менче Атанасова Точи on March 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Терапијата, комбинација од два лека, антибиотикот Сумамед и уште еден лек за маларија веќе е обезбедена и ја има доволно. По одлуката на стручниот колегиум и добивање на дозвола од МАЛМЕД ќе започне да им се дава на болните со Ковид 19. Тоа е терапија која е во фаза на клинички студии, но во други земји дала резултати

63 годишниот дебарчанец кој што ноќеска почина од коронавирус,  бил примен на 17 март без зголемена температура со наод на белите дробови.  Кога дошло до влошување на состојбата бил поставен на респираторна машина, но без резултат, по што починал, информира министерот за здравство Венко Филипче. Ваква форма за вакво нагло влоување е позната и тоа е веќе публикувано, информира министерот Венко Филипче.

„Кај него ноќеска дошло до нагло влошување. Тој бил примен на 17 март на Инфективна клиника без зголемена температура со наод на бели дробови, кога се влошила состојбата поставен е на распираторна машина, но за жал починал. Нема податоци дека боледувал од друга болест исто како и другата пациентка од Куманово. Пациетите со респираторни проблеми се во ризичината група,  но со овој вирус тоа не е правило“, рече министерот Филипче.

Тој нагласи дека вирусот го има во секретите кај починатите, затоа телата се затворени херметички, а епидемиолозите прават контакти на нивните блиски да се види со кого се контактирале.

За 33 годишниот син на жената од Куманово која што почина од Ковид 19 , кој што прво бил однесен на Клиника за пулмологија, а дури потоа на Инфективна клиника Филипче смирува:

„ Тој бил однесен на Клиника за пулмологија во оддел за изолација бидејќи не бил готов резултатот од вториот тест, се уште важел првиот кој бил негативен.  Со оглед на состојбата,  тој е третиран во изолација со персонал кој бил комплетно заштитен и нема потреба од дополнителни мерки таму,“, рече Филипче.

Негативни се тестовите и на персоналот на одделот за психијатрија во болницата во Кавадарци на кои во саботата им се земени брисеви, а согласно на времето на контактот за заболената лекарка од овој оддел ќе следува замоизолација. Тие целосно ги испочитуваа мерките,  беа стрпливи и таму ќе се постапи по епидемиолошките анкети, информира министерот.

Според него, сите заболени во државата досега се во врска со познати епидемиолошки кластери, досега нема автохтоно жариште во земјава.

Како што претходно беше соопштено, нови 22 случаи на коронавирус се регистрирани во изминатите 24 часа во земјата, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои еден е излекуван и 2 починати пациенти. Тројца од пациентите се во тешка состојба. Во изминатите  24 часа има 7 дијагностицирани помалку од претходниот ден,  но тоа не мора ништо да значи, рече Филипче.

Тој нагласи дека денеска на Инфективна се прават 6 контролни брисеви кај пациенти да се види дали уште се носители на вирусот.

На Кожна  клиника веќе се поминати 14 денови на самоизолација на вработените и тие што биле присутни на симпозиумот кои биле во контакт со заболената екс директорка и тие ќе се тестираат во наредните денови, во групи почнувајќи од утре.

Од денеска започнаа да функционираат 14 центри за земање на брисеви, тие се објавени на Мој термин, а се ставени во функција сите матични лекари. Секој граѓанин може да се јави на својот матичен лекар при што ќе одговори на  епидемиолошката анкета . Така матичниот лекар ќе процени дали треба тестирање и кој е степенот на итност и кога ќе се закаже земање на материјал. Во Скопје тоа се поликлиниките „Јане Сандански“ и во Ченто.

Филипче информира дека утрово имало состанок на Комисија за заразни болести и Централниот штаб, каде било разговарано за мерките за ризичните групи на граѓани, тие над 65 годишна возраст како најризична група и младите до 18 години кои се преносители на болеста. Овие мерки ќе бидат  доставени денес на седница на Влада, по што дополнително ќе биде информирана јавноста. Тој апелира гарѓаните да не купуваат лекови од аптека и да прават залихи бидејќи лекови има доволно.

„Во однос на терапијата ние ја обезбедивме цела потребна терапија, тоа е комбинација на лекови која покажува резултати во други земји и за тоа треба да одлучи на стручниот колегиум, по што ќе се добие дефинитивна дозвола од МАЛМЕД. Тоа е терапија за која ќе се прават клинички студии допрва, но даде резултат во многу земји“, потенцира министерот Филипче.

Тоа е терапија која е комбинација меѓу антибиотикот Сумамед и лек за маларија кој може да се зема само под стручен надзор. Филипче апелираше,  граѓаните да не го земаат на своја рака антибиотокот, да не прават домашни залихи, исто како и за Парацетамол кој не се пие во секоја ситуација и исто така може да има несакани ефекти, како секој лек.  За таа цел е донесена одлука Сумамед да се издава само со бел рецепт од ФЗОМ.

Во односн на инсулинската терапија секој кој што зема терапијата може да ја продолжи телефонски. Што се однесува до трудниците стучниот колегиум од Клиника за гинекологија веќе доставил допис до матичните гинеколози за тие да дадат екста услуги за бремените жени, за тие да  не одат на Гинекологија и да се изложуваат на ризик само заради редовните анализи. За трудниците надоместокот за остуство од работа нема да се намали.

На новинарско прашање дали ќе се обезбеди заштитна опрема за специјалистите по ОРЛ кои се директно изложени на близок контакт со пациенти во ситуација кога веќе не се знае кој е ностели на вирусот, министерот Филипче рече дека секоја јавна институција мора сама да обезбеди заштитни материјали за  своите вработени, но доколку им се потребни на Клиниката за ОРЛ, во Министерството за здравство има залихи и ќе им бидат дадени, досега од таму не се обратиле со такво барање.

Филипче рече дека не е информиран дека возачите од фирмата која ги пренесува патниците од странство до објектите за карантин немаат заштитна опрема и не се ставаат во изолација и за тоа ќе побара дополнителен одговор.

За да се избегне гужвата во градските автобуси кои се редуцирани, веќе било разговарано со градоначалникот Шилегов,  причина за ваквата состојба е помесувањето на целиот возен ред заради полицискиот час, биле направени пресметки по што очекуваат дека проблемот ќе биде решен.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.