Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче ќе бара приватна фирма за Брзата помош, експертите со резерва

0
By Менче Атанасова Точи on November 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 8, 2018 18:18

Приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со Итната медицинска помош и Домашната посета. Преку јавно приватно партнерство Министерството за здравство се обидува да ја поправи лошата состојбата во која се наоѓаат овие две служби. Огласот во Бирото за јавни набавки за изработка на физибилити студија е објавен пред неколку дена, а прибирањето на понуди е до 14 ноември.

Во Министерството за здравство ваквиот потег го објаснуваат со фактот дека јавното здравство во последните години покажало слаби резултати во менаџирањето во делот на Итната медицинска помош.

„ Во моментот бараме начини како да ја подобриме ситуацијата. Конкретно моделот на јавно приватно партнерство за брза помош функционира во Италија. Од тие причини решивме да направиме физибилити студија за да ги испитаме можностите ја ЈПП во брзата помош во Македонија. Физибилити студијата ќе покаже дали ќе биде тој модел можен и кај нас“, велат за  НОВА од кабинетот на министерот Филипче.

Моделот на јавно приватно партнерство  функционира со поголем интензитет во последните 20 години  во развиените, но и во земјите во развој и е одраз на политиката на јавната власт, односно на реформите што власта има намера да ги спроведе за да обезбеди подобри јавни услуги.

Јавното приватно партнерство е долготраен процес кој може да трае дури и до 30 години за да може приватникот да си ги врати вложените средства и да оствари профит.

Според експертите, профитот е единствениот мотив на приватниот партнер за влез во јавно приватно партнерство.

Лилјана Јонски магистар по деловно право

Финансирањето на проектот е делумно од приватниот сектор и погрешно е мислењето дека концесионерот вложува сопствен капитал бидејќи неговото учество во најголем број случаи се движи меѓу 10 и 20 отсто, вели Лилјана Јоноски, магистер по деловно право чија магистратура е токму на темата, има доста пишувано за оваа проблематика, а работи во граѓанскиот сектор.

Јоноски за НОВА вели дека во јавното здравство ваков вид на партнерство може да биде меч со две острици бидејќи станува збор за круцијален сегмент од здравството, а ризикот е голем особено ако станува збор за ново формирани фирми, за што сме сведоци во последно време.

„ Влогот е преголем бидејќи јавното приватно партнерство не е секогаш избор за сите сегменти, а колку да се оди со ваков пристап во Брзата помош е меч со две острици. Секако многу ќе зависи и од тоа кој ќе биде партнерот, односно фирмата, колку е сериозна и дали постои ризик од потфрлање во ваква деликатна област“, изјави за НОВА, Лилјана Јоноски.

Таа потенцира дека иако постојат многу позитивни примери на реализација на крупни инфраструктурни проекти преку моделот на ЈПП, неговото користење не може да се смета како солуција за се и за сите проекти.

„Постојат и многу пропаднати проекти што се реализирале како ЈПП. Затоа, од суштинско значење е јавниот сектор јасно да ги идентификува факторите што го чинат проектот оправдан за финансирање од приватниот сектор“, вели Јонoски.

Лекарите се збунети и не знаат што ќе донесе новиот модел на стопанисување со брзата помош, но секако се за тоа да има јавна дебата на оваа тема. Како тоа ќе се одрази на пациентите, како ќе биде уредено, дали тие ќе плаќаат дополнителни услуги во брзата помош, ќе треба да одговори Министерството за здравство.

Инаку, при ЈПП приватната фирма игра главна улога во проектирањето, изградбата, реконструкцијата, одржувањето, финансирањето и управувањето со проектот, а јавниот сектор се фокусира на квалитетот на услугите и нивните цени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.