Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Ќе се анализира дали 8 комбиња од Земјоделие може да се адаптираат за Брза помош

0
By Менче Атанасова Точи on March 20, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 20, 2019 14:40

Секторот за опрема треба да направи проценка дали осумте комбиња од Министерствотоза земјоделство можат да се адаптираат за возила за итна медицинска помош. Тоа се комбиња кои не им требаат во ова Министерство и се во добра состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Ова изјава следи откако вчера најави дека овие комбиња од Земјоделство ќе бидат трансформирани во возила за потребите на Брзата помош.

-Имаат малку километри поминато изгледаат солидно, внатре имаат полици што може да се искористат. Така што, Секторот за опрема ќе ги види и ќе одлучат дали можат да послужат и да започне постапка за опремување. Ќе ви кажам кога ќе заврши процедурата колку тоа ќе чини, макар да треба и да се распише тендер, изјави Филипче.

Едно од комбињата од Министерството за земјоделство

Тој не знае колку би чинела набавката, кој би ја правел и каде ќе се адаптираат возилата. Филипче нагласи дека добар дел од возилата на Итната медицинска помош се во лоша состојба.

 

Вака изгледа едно од новите опремени возила на Брзата помош

За новите 12 возила кои се набавени во тендерот биле предвидени 36 милиони денари, а за нив биле потрошени 21 милион денари. Останатите 15 ќе бидат искористени за други возила. Шест од овие возила ќе бидат за Скопје, а останатите за другите градови.

Опремата во едно од поновите возила на Брзата помош

Што се однесува за јавно – приватно партнерство во Итната медицинска помош што ја најави Филипче, тој рече дека се уште е во фаза на анализа.  Ќе се врши проценка и во кои се се други области од здравството ќе биде применет принципот на јавно – приватно партнерство.

-Јавно – приватно парнерство треба да има и ние треба бидеме купувачи на услуги, рече Филипче.

Тој рече дека разговарал со министерот за здравство во Германија како тоа таму изгледа, но не кажа како тоа би го примениле и во социјална држава со солидарен здравствен систем како нашиот.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.