НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Ќе се реши проблемот со мајките на кои им истекува породилното отсуство

0
By Менче Атанасова Точи on March 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најбрзо што може ќе биде решен проблемот со жените на кои им истекува породилното отсутво во овој период, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за мајки на кои им завршува породилното отсуство, а немаат каде да ги згрижат своите деца бидејќи не се запишани во градинка и немаат потврди од таму, особено вработените во МВР и во здравство кои пак, не можат да користат ниту платен ниту неплатен одмор. Филипче најави дека уште во текот на утрешниот ден ќе се донесат мерки за да се надмине овој проблем.

„ Го задолживме ФЗОРСМ да се вклучи во решавање на проблемот, тоа значи или ќе се продолжи породилното отсуство или ќе ги запишат децата во градинка формално сега, односно официјално“, изјави Филипче.

Стотици мајки кои основаа и фејсбук група „Мајки на трудничко“, кои не се во можност да одат на работа заради овој проблем во ситуација на вонредна состојба со коронавирусот се обраќаа до повеќе институции, но немаше решение на ваквата ситуација.

„Со оглед на сериозноста на пандемијата која го зафати светот и нашата земја, во услови кога градинките не работат, нема од каде да земеме потврди, ниту каде да ги оставиме нашите деца. Секаде каде што се обративме, не упатуваат во Владата“, изјавија за НОВА, повеќе мајки организирани во голема група Фејсбук, кои рекоа дека ќе достават допис и до Владата.

Министерот Филипче по ова прашање на НОВА, на денешната прес конференција вети дека уште утре ќе се најде решение на овој проблем.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.