Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче купува време за покачувањето на платите на медицинските сестри

0
By Менче Атанасова Точи on November 21, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за здравство Венко Филипче побарал од Синдикатот на Клиничкиот центар да му дадат уште два дена, односно до петок за да одговори дали ќе има 10 процентно зголемување на платите за сите здравствени работници подеднакво, дознава НОВА од свои извори кои се вклучени во процесот на преговорите.

Минатата недела Филипче најави дека до  денес ќе имаме одговор на барањето на Синдикатот откако претходно ќе разговара со министерот за финансии, а одлуката треба да помине на владина седница. Во Синдикатот не сакаат да коментираат за ова, само кратко комнтираа дека ќе чекаат на одговорот на Филипче во петок.

„Ќе почекаме до петок, не можеме да кажеме повеќе детали. Нашето барање за подеднакво зголемување на платите на сите, без да се раздвои тимот остануваат“, одговори кратко Горан Беговиќ, претседател на Синдикатот на Клиничкиот центар.

По најавата дека со јануарската плата ќе има 10 проценти зголемување на платите само за лекарите специјалисти се јаво огромно незадоволство кај медицинските сестри, лаборантите, физиотерапевтите и другите здравствени работници. Тие имаат поддршка и од лекарите низ цела држава со образложение дека работат тимски и дека покачувањето треба да важи за сите.

Од Синдикатот пак, пред два дена ја потсетија Владата дека со предложеното покачување на јануарската плата пробуваат да внесат раздор меѓу лекар и медицинска сестра, лаборанти и сите кои заеднички се вклучени во тимската работа.

„Оваа понуда за нас е едноставно неприфатлива. Овие предложени различни покачувања на коефициентот на сложеност од 10% за докторите специјалисти и 5% за останатите здравствени работници и соработници со јануарската плата длабоко задираат во меѓучовечките односи и ја нарушуваат тимската работа. Убедени сме дека треба да направите дополнителни напори и да изнајдете средства за покачување на коефициентот на сложеност од 10% и на останатите здравствени работници, како и на соработниците со јануарската плата3, потенцираа тогаш во нивното соопштение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.