Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: На средината од јули ќе започне теренската вакцинација

0
By Ivana on June 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ на која учествуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова, проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог и проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, се дискусутираше за сите аспекти на вирусот Ковид-19 и за процесот на имунизација.

Главната цел на оваа трибина, како што кажа министерот Филипче е да се зголеми свеста на граѓаните во врска со вакцинацијата. Разговорот течеше за сите теми поврзани со епидемиолошката состојба, делта вирусот (индиски сој), очекувањата, припремата и капацитетите, планот за имунизација и како истата ефективно да се спроведе во нашата земја.

– За да се прогласи крај на една епидемија треба два циклуси репродуктивни по 14 дена да нема дијагностицирано случаи и има некои предвидувања кај нас како тоа би можело да се случи, ако продолжат овие трендови. Тоа би се случило во месец август или можеби на почетокот на септември – рече министерот.

Со оглед на тоа што има многу малку новодијагностицирани случаи на 100.000 жители, во моментов таа бројка е под 10, односно сегашната епидемиолошка состојба е стабилна. Болниците се празни, а само мал број на пациенти се лекуваат на Инфективната Клиника. Но системот е подготвен да одговори со болнички капацитети и со се што би било потребно во случај на нов, непредвиден епидемиолошки бран.

– Околу 15-20 јули стартува теренската вакцинација во околните места на здравствените домови. Во комуникација со матичните лекари, Здравствените домови ќе ја спроведуваат вакцинацијата преку регрутирање на податоци од тоа колку од прикрепените пациенти се вакцинирани се со цел да се опфатат и останатите. На некој начин, секој Здравствен дом ќе биде регионален центар – рече Филипче.

Министерот истакна дека на добар пат сме да постигнеме што поголем опфат на вакцинирани граѓани. Заклучно со викендов околу 300.000 граѓани се вакцинирани во нашата држава, од кои 215.000 се ревакцинирани, а дадени се 500.000 дози на вакцини. Во моментов располагаме со доволен капацитет на вакцини, вклучувајќи ги новопристигнатите 500.000 дози на Синовак и 100.000 дози Фајзер.

Веќе од утре кинеските вакцини ќе бидат дистрибуирани во сите центри низ државава, со што планирано е помеѓу 10.000-15.000 дози да се аплицираат како прва доза во следните две до три недели со што значително ќе се забрза процесот на имунизација и ќе се извакцинираат сите граѓани пријавени преку веб-страната вакцинација.мк.

вакцинација венко Ковид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.