Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче-Најт: Со донација од САД, здравствениот дом во Пробиштип е прв гасифициран објект во регионот

0
By НОВА ТВ on August 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Импресивната соработка, помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки патнер САД во реализација на големи и за нас многу битни проекти во изминатите повеќе од 20 години во здравствениот сектор продолжува со заеднички прогресивни идеи и исти вредности – истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче кој беше во посета на Здравствениот дом во Пробиштип. Поводот за посетата на оваа здравствена установа,  на која присуствуваа и генерал-мајорот Грегори Најт и вршителот на должност амбасадор на САД Ерик Мајер е донацијата на САД со која комплетно се реновирани просториите и влезот во Итната Медицинска помош, а ЗД Пробиштип е гасификациран и променета е кровната конструкција на објектот.

-Сакам да се заблагодарам за помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки партнер САД, во делот на менаџирање на ковид кризата, но и генерално во изминатите повеќе од 20 години, посебно во секторот здравство. Од почетокот на кризата помогнаа на Министерството за здравство со донација за нас многу битна во форма на лична заштитна опрема, заштитни маски, медицинска опрема – кажа министерот Филипче.
Министерот Филипче му посака добредојде на новиот заменик амбасадор, претставникот на Американската војска, и им се заблагодари на сите претставници на тимот кои работеа на овој проект.
-Овој проект е дел од една серија на проекти за зајакнување на здравствените институции во нашата земја и после Клиниката за неврологија, Детска хирургија, болницата во Демир Хисар, ургентниот центар во болницата 8ми Септември, ова е проект којшто е сега завршен и значи целосна енергетска ефикасност во делот на реконструкцијата на кровот и гасификација, со што овој објект е прв објект во Пробиштип којшто користи течен гас за затоплување и со ова е решен проблемот со загадувањето во овој дел. Нашата соработка продолжува, имаме тековни проекти, се реконструира Клиниката за максилофацијална хирургија и треба да започне реконструкцијата на Клиниката за хематологија. Искрено верувам дека оваа успешна соработка ќе продолжи и понатаму, ги делиме истите прогресивни идеи, истите вредности, како во делот на соработката во здравството така и на секое друго ниво – истакна министерот Филипче.
-Она што го гледаме денес овде во Здравствениот дом во Пробиштип е резултат на повеќедецениска соработка, што резултира со успех во корист на граѓаните на Пробиштип. Ви благодарам на сите присутни и за тоа што имав можност да го воочам навистина импресивниот одговор на Северна Македонија во ковид пандемијата, како и за реализираните донации кои доаѓаат од Владата на САД.

Нашата амбасада овде ја покажува широкоградата соработка и посветеноста која ја имаме за граѓаните на Северна Македонија. Со нетрпение ги очекувам и наредните 20 години партнерство со оваа земја – изјави генерал-мајор Грегори Најт.

Грегори Најт Здравствен дом Пробиштип Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.